Categories: Василево

Извршен технички прием на прочистителната станица во с. Едрениково

Во населеното место Едрениково, Општина Василво, извршен е технички прием и пробно пуштање во употреба на прочистителната станица за третман на отпадни води од домаќинствата. Истата е  изградена во рамки на проектот „Управување со сливот на река Струмица“, кој го имплементира Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Швајцарската агенција за развој и соработка.

На техничкиот прием и пробното пуштање во употреба присуствуваа претставници на производителот на опремата, на изведувачот, надзорниот орган, Центарот за развој на ЈИПР како партнер и имплементатор на проектот и претставници од општина Василево.

„Прочистителната станица заедно со неодамна изградената канализациона мрежа претставува функционален систем со капацитет за собирање и прочистување на отпадните води од сите домаќинства во населено место, со што во Едрениково комплетно е решен проблемот со собирање и третман на отпадните води од домаќинствата, изјави градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев во врска со финализирањето на овој капитален проект и при тоа изрази благодарност до сите партнери вклучени во неговата имплементација.

„До сите партнери и соработници изразувам огромна благодарност за реализацијата на овој проект, кој имајќи го предвид значењето на заштитата на животната средина, ги надминува локалните рамки и има глобално значење“, изјави Јанев.

Средствата за реализација на овој проект се обезбедени од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Она што следува, а е од интерес пред се на жителите на с. Едрениково е постапката за приклучување кон системот, која ќе започне во најкраток можен период, односно по завршувањето на примопредавањето на мрежата на Јавното комунално претпријатие „Турија“, Василево како надлежно за оваа област.

Прочистената вода ќе се испушта во реката Сушица и ќе ги задоволува физичко- хемиските стандарди за испуштање во површински водотек, информираат од општината.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago