Connect with us

Радовиш

„Библиотека на годината“ за 2019 година, Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ Радовиш

Виолета | Media Press

Објавено

N

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ Скопје со пригодна програма и во присуство на високи претставници на Владата на Република Македонија, дипломатскиот кор и на културниот, научниот и образованиот естаблишмент и претставници од библиотеките на свечен начин го прослави патронатот и Јубилејот – 75 години од основањето на оваа врвна институција од областа на библиотекарството.


Во рамки на прославата и во контекст на 75-годишниот јубилеј од страна на Библиотекарското здружение на Македонија беше доделена наградата „Библиотека на годината“ за 2019 година на Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ Радовиш.

Оваа награда библиотеката ја доби за своите достигнувања во развојот на библиотечната дејност и иновативност во работата.

Радовиш

Четврта година по ред стипендија Солвеј, за беплатен курс по англиски јазик за талентирани ученици

Виолета | Media Press

Објавено

N

Од вчера започнаа часовите за бесплатниот четиримесечен курс по англиски јазик за талентирани ученици,  финасиски подржан од  компанијата Солвеј преку Рудникот Бучим во Радовиш. Четврта година по ред компанијата Солвеј ја спроведува оваа стипендија преку која двајца најдобри ќе учествуват  на Музичкиот оперски камп во Салзбург, Австија каде ќе се претстават со своите таленти. Часовите ќе се одржуваат во СОУ Коста Сусинов во Радовиш, а на првиот час присуствуваше и заменик генералниот директор на Рудникот Бучим Николајчо Николов.

 Николов им посака на учениците да не им биде приоритет патувањето во Салзбург туку да го научат англискиот јазик и да се дружат. Часовите ќе ги одржува професорката Катерина Сусинова,  заедно со онлајн  професорка  од Америка,  со што на 18-те ученици колку што се запишани годинава, ќе им помогнат да го доусовршат англискиот јазик.

 Компанијата Солвеј годинава ги прифати сите кандидати кои што се пријавија за бесплатно доусовршување на англаскиот јазик од кои 11 ученици доаѓаат од Општина Конче.

 Учениците се надеваат дека на овој курс ќе го доусовршат англискиот јазик а се надеваат дека ќе бидат избрани и за патување во Салзбург, кој се наоѓа во средниот дел на Австрија.

Салзбург е познат по барокниот стил, еден од најзачуваните во Средна Европа. Поради тоа, градското јадро претставува културно наследство заштитено од УНЕСКО. Исто така, познат е и како “град на класичната музика“, благодарение на Волфганг Амадеус Моцарт, кој се родил токму овде

Прочитај повеќе

Радовиш

Дрвокрадците го нарушуваат планското стопанисување со огревно дрво, на планината Плачковица

Виолета | Media Press

Објавено

N

Планината Плачковица располага со богат шумски фонд. Граѓаните нетреба да бидат загрижени, бидејки ЈП Национални шуми -Подружница Плачковица стопанисува плански и домаќински. Има доволно огревно дрво и за наредните години, изјави директорот на Подружница – Плачковица Димче Анастасов.

Планското стопанисување го нарушуват дрвокрадците, кои за жал сеуште ги има, а во нелегалната сеча помагаат и граѓаните, со тоа што купуваат дрва за поевтина цена, од диви препродавачи.

Иако Полицијата од Радовиш и Шумската Полиција се обидуваат да го контролираат дрвокрадството, сепак како појава сеуште е присутна. Од  Подружница Плачковица аплеираат до граѓаните да не им помагаат на дрвокрадците, со тоа што ќе купуваат дрва од нив за пониска цена, а честопати изманипулирани во количините.

Прочитај повеќе

Радовиш

Скромни подароци за најмалите членови на Здружението на дијабетичари од Радовиш

Виолета | Media Press

Објавено

N

И оваа година традиционално,Здружението на дијабетичари на Радовиш Подареш и Конче,со скромни поклони за најмалите членови на Здружението , по повод Новогодишните и Божикните празници. Според она што го дознаваме од претседателот на здружението Тони Митев, 6-те  дечиња кои  се најмалите членови се  изненадени со подарок, тренерки.   

Децата се на возраст од 3 до 15 години, а подароците им беа дадени во просториите на здружението во Радовиш.

Прочитај повеќе