Categories: Василево

Општина Василево обезбеди средства за изградба на улица во индустриската зона

Со околу 4,9 милиони денари обезбедени од Советот за рамномерен регионален развој преку Центарот за развој на ЈИПР, општина Василево ќе гради улица во индустриската зона.

Улицата се протега помеѓу објектите на Тритерол и Евромак и е со должина од 231 метар и ширина од 4,5 метри.


„Стварањето услови за развој на локалната економија е еден од приоритетите на општина Василево чија примарна цел е подобрување на квалитетот и подигање на стандардите и условите за живот на сите граѓани. Индустриската зона во општина Василево е еден од генераторите на локалната економија а наша заложба и обврска како локална самоуправа е подобрување на условите за стопанисување, преку уредување на инфраструктурата“ изјави градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, кој информираше дека општина Василево, преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион успеа да обезбеди средства за изградба на една улица во индустриската зона, кон која гравитираат неколку стопански објекти кои повеќе години активно функционираат.


Јанев нагласи дека со изградбата на оваа улица директно ќе се подобрат условите за работа на постојните стопански субјекти и генерално во перспектива ќе се створи подобра клима за стопанисување и економски развој на општината и регионот.
Деновиве следува објава на Јавна набавка од страна на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, по што ќе започнат активностите на терен.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago