Connect with us

Македонија

Од утре почнува саемот „Купи куќа, купи стан“

Виолета | Media Press

Објавено

N

Од утре 6 декември почнува саемот „Купи куќа, купи стан“, кој ќе се одржува во Скопје Сити Мол. Граѓаните ќе можат на едно место да добијат информации од Министерството за финансии, банките кои се во проектот и градежните компании, како да аплицираат за Проектот за субвенционирани станбени кредити од државата – „Купи куќа, купи стан“ којшто продолжува и догодина.

Со промените во проектот направени годинава, значително се подобрени условите за да можат граѓаните да дојдат до сопствен дом, со поддршка од државата. 

Годинава се доделени 97 станбени кредити во износ од 3,6 милиони евра а субвенционирани се 1,1 милион евра. Средства за проектот „Купи куќа, купи стан“ има предвидено во Буџетот за 2020 година информираат од одделение за односи со јавност при Министерство за финансии.

Саемот ќе трае до 8 декември.

прикажи повеќе
Реклама

Македонија

1.100 случаи со заболувања на грип, оваа недела

Виолета | Media Press

Објавено

N

Расте бројот на заболени од грип.  Институтот за јавно здравје информира дека во текот на оваа недела пријавени се 1.100 случаи со заболувања на грип, што е зголемување за 88,7% во споредба со минатата недела, кога беа регистрирани 583 случаи. Со тоа оваа сезона бројот на болни се искачи на 2.718 заразени, а споредено со истиот период лани тоа е двојно зголемување.

Како што информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) се очекува пораст на активноста на вирусот и достигнување пик на сезоната на грип во текот на следните недели.

Во лабораторијата за вируси на ИЈЗ, пристигнале 40 материјали за тестирање на грип. Од тестираните материјали, 20 (50 отсто) биле позитивни за присуство на вирусот .

Најголем број случаи и тоа 689 лица се пријавени во најголемата возрасната група – лица од 15 до 64 години, додека засега најмалку се заболени децата на возраст до четири години. Најголем број случаи се пријавени од подрачјето на Центарот за јавно здравје Струмица -218 заболени од грип.

Лекарите препорачуваат да се избегнуваат простории каде што има присуство на повеќе лица, да се носи топла облека, шал, капа, и ракавици, да се одржува лична хигиена и без потреба да не се излегува надвор, ова посебно се однесува за хронично болните и повозрасни лица.

Прочитај повеќе

Економија

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2019 година, изнесува 25 787 денари

Виолета | Media Press

Објавено

N

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2019 година, во однос на ноември 2018 година, изнесува 105.1.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање (9.5 %), Преработувачка индустрија (8.9 %) и Дејности на здравствена и социјална заштита (8.2 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2019 година, изнесува 25 787 денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во ноември 2019 година, во однос на ноември 2018 година, изнесува 106.4.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање (11.2 %), Преработувачка индустрија (10.1 %) и Дејности на здравствена и социјална заштита (9.6 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во ноември 2019 година, изнесува 38 319 денари.

Прочитај повеќе

Македонија

Поништена одлуката за разрешување на директорите на центрите за социјална заштита во Штип, Битола, Пробиштип, Валандово, Прилеп и Радовиш

Виолета | Media Press

Објавено

N

Владата на својата редовна 4-та седница која се одржа во Штип, донесе одлука за поништување на решенијата за разрешување на должност вршители на должност и именување на вршители на должност директори во јавните установи – меѓуопштински центри за социјална работа во Штип, Битола, Пробиштип, Валандово, Прилеп и Радовиш.

Владата утврди дека одлуката на техничката министерка Рашела Мизрахи за разрешување и именување на в.д. директорите на центрите за социјална работа, е донесена спротивно на чл.46 став 2 од Законот за Влада: „Дополнителниот заменик на министерот заедно и рамноправно со министерот учествува во остварувањето на надлежностите предвидени во Законот за организација и работа на органите на државната управа“.

Со оглед дека целта за избор и на техничкиот министер и на дополнителниот заменик на министер е организација на изборите за пратеници во Собранието, сите правни и кадровски прашања потребно е заедно и рамноправно да се разгледуваат и за истите заедно и рамноправно да се носат одлуки, односно да се одобруваат, што следствено ќе биде верификувано со акт/документ кој ќе биде потпишан во случајов од министерката и од дополнителната заменичка на министерката за труд и социјална политика, се вели во известувањето од Влада.

Прочитај повеќе