Categories: Македонија

Од 6-8 декември саем „Купи куќа, купи стан“, проектот продолжува и догодина

3 декември 2019, Скопје – Проектот за субвенционирани станбени кредити од државата – „Купи куќа, купи стан“ продолжува и догодина. Граѓаните од 6-8 декември на саемот „Купи куќа, купи стан“, кој ќе се одржува во Скопје Сити Мол, ќе можат на едно место да добијат информации од Министерството за финансии, банките кои се во проектот и градежните компании, како да аплицираат за истиот, истакна министерката за финансии Нина Ангеловска.

Таа посочи дека со годинава направените промени во проектот, значително се подобрени условите за граѓаните кои имаат потреба од поддршка од државата за да се стекнат со сопствен дом.

– Најголема поволност за граѓаните е намалувањето на каматните стапки за одобрување на субвенциониран станбен кредит и тоа: за моделите каде се субвенционира ратата од кредитот од страна на државата, каматната стапка се намали од 3,95%на 2,9%, додека за четвртата и петата година каматната стапка е намалена од 4,44% на 3,9%.

И кај моделите каде се субвенционира учеството каматната стапка е намалена од 4,5%+ЕУРИБОР на 4%+ЕУРИБОР.

Има нови модели, особено поволни за младите со возраст до и наполнети 35 години.

За купување на стан, каде и интересот е најголем, субвенцијата на месечната рата е зголемена од 50% на 70% – ова значи дека во првите пет години од исплатата на кредитот 70% од месечната рата ќе плаќа државата, додека корисникот на кредитот ќе плаќа само 30%.

Исто така зголемена е и субвенцијата за моделите каде се субвенционира учеството од 50% на 70%. Ова значи дека доколку корисникот на проектот го искористи овој модел, 70% од учеството од кредитот ќе му го плати државата-рече Ангеловска.

Ангеловска посочи дека дополнителна нова поволност во проектот е во насока на подигнување на наталитетот во земјата. Имено за секое новородено или посвоено дете во текот на првите десет години од користење на кредитот, корисникот на кредитот добива дополнителна субвенција од 30% на ратата во текот на една година плус.

Ангеловска рече дека има голем интерес за проектот. Годинава има доделено 97 станбени кредити во износ од 3,6 милиони евра и доделена субвенција од 1,1 милион евра, а само последните три месеци има доделено 61 кредит. Од вкупно одобрените кредити годинава за млади се 48. За станови се 71 од одобрените кредити, а останатите се за куќи. Од апликантите 45% се жени, а 55% се мажи. Се очекува до крајот на годината да има околу 150 доделени кредити.

Средства за „Купи куќа,купи стан“ има предвидено и во Буџетот за 2020 година.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago