Connect with us

Струмица

Отворени денови за граѓаните во 6 училишта во општина Струмица

Avatar

Published

на

Во општина Струмица шест основни училишта се дел од училиштата во државата, кои организираат отворени денови за Граѓанско образование, на коишто учениците презентираат младински иницијативи кои се резултат од реформите во Граѓанското образование. Според акционите планови за реализација на овие отворени денови, учениците подготвиле различни активности, произлезени од тематските содржини од наставниот предмет граѓанско образование.
Минатата недела, учениците од ООУ „Гоце Делчев“ од Вељуса, дебатираа на темата за етички кодекси во училиштето, а учениците од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиље, реализираа тематска дискусија за човековите права и одговорности. Во ООУ „Никола Вапцаров“ од Струмица, учениците во салата на Советот на општина Струмица, реализираа парламентарна дебата за донесување на закон за пушењето.

Во овој период завршија и активностите во ООУ „Маршал Тито“ од Струмица и ООУ „Маршал Тито“ од Муртино, а се подготвуваат и отворените денови со учениците од ООУ „Сандо Масев“ од Струмица.
Овие иницијативи и активности произлегуваат од новата наставна програма по Граѓанско образование. Новиот концепт подразбира активно учество на учениците во конкретни ученички иницијативи за позитивна промена во заедницата преку коишто се развива демократската култура кај младите. Процесот на реформирање на Граѓанското образование го водат Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, поддржани од Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието и Проектот за јакнење на мултиетничката соработка во општините на Детската фондација „Песталоци“.
Општина Струмица, како партнер во овој проект, активно дава поддршка во планирањето, следењето и реализацијата на сите активности поврзани со меѓуетничката интеграција и интеркултурната комуникација и соработка во училиштата и локалната заедница.

Струмица

Пронајдени и одземени марихуана, повеќе засадени стебла од растението канабис кај лице од струмичко село

Avatar

Published

на

На 14.05.2024 во 16.30 часот во село Добрејци, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.К.(45) од село Добрејци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, повеќе засадени стебла од растението канабис и една дигитална вага со остатоци од марихуана.


За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по негово документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.


Прочитај повеќе

Струмица

Загина возач на камион од Струмица, возилото излетало од коловозот на патот Струмица-Валандово

Avatar

Published

на

Вчера околу 14.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека околу 14.00 часот на регионален пат Струмица-Валандово товарно возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки управувано од Р.Р.(60) од Струмица излетало од патот. Од здобиените повреди починал возачот Р.Р., а смрт констатирал лекар од Медицински центар Валандово. Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа на Полициската станица Валандово.

Прочитај повеќе

Струмица

Приведен крадец во Струмица кој извршил тешка кражба во плац за градежни материјали

Avatar

Published

на

Приведен крадец во Струмица кој извршил тешка кражба во плац за градежни материјали.

Имено како што информира МВР, денеска (27.03.2024) во 01.45 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Д.А.(32) од село Василево, струмичко. Тој бил приведен од полициските службеници веднаш по извршување на „тешка кражба“ во плац за градежни материјали во Струмица, при што кај него биле пронајдени предметите кои ги одзел.

Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот против Д.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе