Connect with us

Струмица

Отворени денови за граѓаните во 6 училишта во општина Струмица

Виолета | Media Press

Објавено

N

Во општина Струмица шест основни училишта се дел од училиштата во државата, кои организираат отворени денови за Граѓанско образование, на коишто учениците презентираат младински иницијативи кои се резултат од реформите во Граѓанското образование. Според акционите планови за реализација на овие отворени денови, учениците подготвиле различни активности, произлезени од тематските содржини од наставниот предмет граѓанско образование.
Минатата недела, учениците од ООУ „Гоце Делчев“ од Вељуса, дебатираа на темата за етички кодекси во училиштето, а учениците од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиље, реализираа тематска дискусија за човековите права и одговорности. Во ООУ „Никола Вапцаров“ од Струмица, учениците во салата на Советот на општина Струмица, реализираа парламентарна дебата за донесување на закон за пушењето.

Во овој период завршија и активностите во ООУ „Маршал Тито“ од Струмица и ООУ „Маршал Тито“ од Муртино, а се подготвуваат и отворените денови со учениците од ООУ „Сандо Масев“ од Струмица.
Овие иницијативи и активности произлегуваат од новата наставна програма по Граѓанско образование. Новиот концепт подразбира активно учество на учениците во конкретни ученички иницијативи за позитивна промена во заедницата преку коишто се развива демократската култура кај младите. Процесот на реформирање на Граѓанското образование го водат Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, поддржани од Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието и Проектот за јакнење на мултиетничката соработка во општините на Детската фондација „Песталоци“.
Општина Струмица, како партнер во овој проект, активно дава поддршка во планирањето, следењето и реализацијата на сите активности поврзани со меѓуетничката интеграција и интеркултурната комуникација и соработка во училиштата и локалната заедница.

Босилово

Марија Брзакова од Босилово веќе три дена е исчезната, ја бара и полицијата

Виолета | Media Press

Објавено

N

На 20.01.2020 во 15.20 часот во Полициска станица Струмица Б.Б.(29) од село Босилово пријавил дека од нивниот семеен дом во с.Босилово се оддалечила неговата сопруга М.Б.(28).

Станува збор за Марија Брзакова од Босилово, на возраст 28 години која излегла од дома на 18.01 2020 година во утринските часови облечена во тренерки и отогаш не се појавила.

 Полициска станица Струмица презема мерки за пронаоѓање на лицето

Прочитај повеќе

Струмица

36 мигранти пронајдени во возило кое се движело на регионалниот пат помеѓу селата Куклиш и Свидовица, струмичко

Виолета | Media Press

Објавено

N

На 14.01.2020 полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Б.А.(29) од с.Арачиново, скопско, поради тоа што во 05.45 часот, на регионалниот пат помеѓу селата Куклиш и Свидовица, струмичко, при преглед на товарно возило „рено мастер“, со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени 36 мигранти (двајца од Ирак, еден од Камерун, тројца од Пакистан, девет од Авганистан и 21 од Сирија).

Б.А. бил задржан во Полициската станица во Струмица. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Прочитај повеќе

Струмица

Првиот инфо ден во Струмица за користење на финансиски средства од ИПАРД Програмата 2014-2020

Виолета | Media Press

Објавено

N

Работилницата во склоп на инфо-деновите,  коишто се наменети за информирање на сите потенцијални баратели за користење на финансиски средства од ИПАРД Програмата 2014-2020 се одржа во Струмица. На истата заинтересираните апликанти, присуствуваа и министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Трајан Димковски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски.

Нови 13 милиони евра на располагање за инвестиции во земјоделството најави министерот Димковски

Ова беше првиот инфо ден од новата сесија за мерка три за модернизација на преработувачките капацитети.

Прочитај повеќе