Connect with us

Македонија

Адора Инженеринг го доби 9-тото национално признание за изградба на здрави еко домови со звучна изолација

Виолета | Media Press

Published

on

Адора инженеринг денеска го доби деветтото национално признание од министерството за економија за најдобри општествено одговорни практики за одговорен однос кон животната средина за проектот „Со традиционално неимарство до здрав современ дом“.

Наградата е добиена за изградба на најновиот станбен објект „Црква 3“ во општина Аеородром, Скопје, каде градителите на Адора инженеринг, со традиционално ѕидарство, користејќи традиционални и современи материјали и технологии, изградија нови, поквалитетни, потивки и поздрави еко домови.

Признанието е резултат на постојаното истражување на стручните кадри на Адора инженеринг за развивање, унапредување, надградување и усовршување на квалитетот на изградените објекти и домови, особено во делот на енергетската ефикасност и звучната изолација.

„За нас компаниите од особено значење е кога некој ги препознава и вреднува нашите напори за создавање одржлив иновативен бизнис од корист на целата заедница. Специјално,за новиот станбен објект, „Црква 3“, креиравме нов состав на сендич ѕид помеѓу два соседни стана и стан и заеднички коридор (ходник), базиран на маса и тежина (два слоја ќерамички блок) и три слоја изолациони материјали,за да добиеме подобра звучна изолација. Испитувањата од страна на акредитираната лабораторија Амбикон на Факултетот за природни и технички науки при Универзитетот Гоце Делчев, Штип, покажаа вредносни параметри на воздушна и ударна звучна изолација кои ги задоволуваат дури и највисоките европски стандарди за звучна изолација во станбените објекти. Тоа е потврда дека успеавме во пионерските заложби, при непостоење на национална регулатива, да воведеме подобар акустичен комфор во домовите, збогатувајќи го објектот „Црква 3“ со зелен парк оплеменет со стотина дрвја и урбана опрема, за релакасација на станарите, во духот на нашата 18 годишна традиција“.- вели проф. д-р Ванчо Чифлиганец, генерален директор на Адора инженеринг.

Деветтото по ред признание за долгорочниот проект за изградба на еко домовите на Адора инженеринг е дел од 17 национални признанија за најдобри општествено одговорни практики кои компанијата ги има добиено изминатите 10 години.

Македонија

Одржана првата седница на новиот парламантарен состав

Виолета | Media Press

Published

on

Денеска на правата седница на новиот  парламантарен состав се верифицираа мандатите на пратениците.

 Со 116 гласови – ЗА, граѓаните го добија десеттиот парламентарен состав  со новите 120 пратеници.

Седницата се одржа под посебни здравствени протоколи. За прв пат на врвот на собраниската зграда, во Куполата каде што има услови да се почитуваат корона-мерките. Со седницата претседаваше Талат Џафери.

Изборот за прeтседател, заменик претседател и членовите на Комисијата за прашања за избори и именувања, како и изборот на претседател на Собранието ќе се случат кога ќе се создаде мнозинство  од 61 пратеник за формирање на новата влада. Во новиот пратенички состав има 77 мажи и 44 жени. Граѓаните на Радовиш ќе ги застапуваат двајца пратеници Коле Чаракчиев од СДСМ и коалицијата и Здравко Трајанов од ВМРО – ДПМНЕ и колацијата, кои денеска за пра пат влегоа во собраниската сала.

Continue Reading

Здравје

Направени се 830 тестирања, 75 нови случаи на Ковид -19, 5 починати лица

Виолета | Media Press

Published

on

Во последните 24 часа во Македонија се направени 830 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи на ковид-19, соопшти министерството за здравство преку Фејсбук. Најмногу новозаболени по градови има повторно во Скопје 32. Потоа во Куманово 4, Штип 5, Тетово 7, Кавадарци 8, Гостивар 8, Струмица 1, Кочани 1, Пробиштип 2, Македонски Брод 2, Виница 1, Свети Николе 1, Кичево 2 и Неготино 1.

Починати се 5 лица, пациент од Скопје, два пациенти од Куманово, пациент од Гостивар и пациент од Охрид.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 136 оздравени пациенти.

Досега во Македонија се направени вкупно 106877 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11202, бројката на оздравени пациенти е 7108, на починати е 505, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3589.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 136 оздравени пациенти од:

-Скопје 50
-Куманово 16
-Прилеп 2
-Тетово 5
-Струга 28
-Охрид 18
-Гостивар 2
-Крушево 1
-Кочани 1
-Македонски Брод 1
-Кратово 1
-Свети Николе 10
-Кичево 1

Continue Reading

Култура

Претседателот Пендаровски ќе го отвори јубилејното 60-то издание на Охридско лето

Виолета | Media Press

Published

on

Претседателот Стево Пендаровски, вечерва – 4 август 2020 година, вторник, ќе присуствува и ќе се обрати на свеченото отворање на јубилејното 60-то издание на „Охридско лето“, во Античкиот театар во Охрид.

Обраќањето на претседателот Пендаровски ќе биде пренесувано во живо на првиот програмски сервис на МТВ, како и на Facebook страницата на Претседателот и на YouTube каналот.

Реномираниот меѓународен фестивал „Охридско лето“, традиционално, се одржува под покровителство на Претседателот на државата.
Јубилејното 60-то издание на “Охридско лето” годинава првпат од основањето на Фестивалот ќе се одржува во термин различен од вообичаениот и согласно условите наметнати од епидемијата на коронавирусот.

Continue Reading