Connect with us

Струмица

Граѓаните кои се движат по магистралниот пат А4 во Ново Село,да се придржуваат до сообраќајната сигнализација и времен режим на сообраќај

Avatar

Published

на

Од причини што се во тек  градежните активности за поврзување на  улица Гоце Делчев на канализационата мрежа во Ново Село. Имено Општина Ново Село и ЈПКД „Комуна“  на магистралниот пат А4 во Ново Село изведуваат градежни работи.

Од тие причини од Општината апелираат и ги замолуваат сите оние кои се движат по оваа магистрала да се придржуваат кон поставената патна сигнализација за правци и времен режим на сообраќај и кон насоките од полициските службеници и општинските службеници кои се на терен.
Активностите се спроведуваат со цел да се поврзе улица Гоце Делчев на канализационата мрежа во Ново Село информираат од општината.

Струмица

Пронајдени и одземени марихуана, повеќе засадени стебла од растението канабис кај лице од струмичко село

Avatar

Published

на

На 14.05.2024 во 16.30 часот во село Добрејци, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.К.(45) од село Добрејци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, повеќе засадени стебла од растението канабис и една дигитална вага со остатоци од марихуана.


За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по негово документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.


Прочитај повеќе

Струмица

Загина возач на камион од Струмица, возилото излетало од коловозот на патот Струмица-Валандово

Avatar

Published

на

Вчера околу 14.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека околу 14.00 часот на регионален пат Струмица-Валандово товарно возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки управувано од Р.Р.(60) од Струмица излетало од патот. Од здобиените повреди починал возачот Р.Р., а смрт констатирал лекар од Медицински центар Валандово. Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа на Полициската станица Валандово.

Прочитај повеќе

Струмица

Приведен крадец во Струмица кој извршил тешка кражба во плац за градежни материјали

Avatar

Published

на

Приведен крадец во Струмица кој извршил тешка кражба во плац за градежни материјали.

Имено како што информира МВР, денеска (27.03.2024) во 01.45 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Д.А.(32) од село Василево, струмичко. Тој бил приведен од полициските службеници веднаш по извршување на „тешка кражба“ во плац за градежни материјали во Струмица, при што кај него биле пронајдени предметите кои ги одзел.

Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот против Д.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе