Connect with us

Валандово

Првата Агрометеоролошка станица во Валандово, поставена на земјоделска површина во сопственост на С.О.У „Гоце Делчев“

Виолета | Media Press

Published

on

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во рамките на проектот „Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури и животната средина“ започна со поставување на Агрометеоролошките станици на утврдените локации во регионот.

Улогата на овие станици е да мерат временски прогнози коишто земјоделците ќе ги добиваат на своите телефони преку користење на мобилна апликација како и предупредувања за болести кои се јавуваат на одредена култура за што ќе биде инсталиран софтвер за прогноза на болести.

Покрај примената на Агрометеоролошките станици за олеснување на производствениот процес во земјоделието, проектот ќе добие и едукативна вредност со поставување на дел од станиците на земјоделски површини кои се користат од училиштата во регионот за едукативни практични намени.

Затоа првата Агрометеоролошка станица беше поставена во Валандово на земјоделска површина во сопственост на С.О.У „Гоце Делчев“, на која има засеано винова лоза.

Практичната настава ќе биде осовремена и за учениците на С.О.У „Димитар Влахов“ во Струмица со што ќе биде поставена Агрометеоролошка станица која професорите и учениците ќе ја користат во своите практични настави.

Во рамките на проектот, претставници од општините ќе се здобијат со Сертификат за начинот на управување и користење на станиците, а во соработка со сите општини и економскиот оператор, во секоја општина Центарот ќе организира информативни денови за земјоделците и сите заинтересирани страни со цел да се пренесе значењето на податоците кои ќе се мерат преку станиците и како да се подобри одгледувањето на земјоделските култури и заштита на животната средина преку користење на измерените податоци и прогнози.

Овој проект е финансиран преку Грантова шема за инвестициски проекти на планските региони за 2019 година од страна на Министерството за локална самоуправа и Швајцарската Агенција за развој и соработка.

Валандово

Реализирани над 75 отсто од проектот за наводнување на јужна долина на Вардар – Втора фаза, Спасовски и Димковски во посета на Валандово

Виолета | Media Press

Published

on

Увид во градежните работи на Проектот за наводнување на јужната долина на река Вардар – Втора фаза извршија техничкиот премиер Оливер Спасовски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и градоначалникот на Општина Валандово, Перо Костадинов.
Во изјавата за медиумите, премиерот Спасовски истакна дека проектот за наводнување на јужната долина на реката Вардар – Втора фаза, е од витално значење за валандовскиот регион и е еден од најзначајните капитални проекти во земјоделството.

„Најважно за земјоделците од реализацијата на овој проект, е дека кога ќе биде завршен ќе имаат драстично намалување на трошоците за вода и ќе се обезбеди навремено и квалитетно наводнување на нови 2.150 хектари земјоделска површина. Тоа се сериозни придобивки ако се знае дека сегашниот систем за наводнување е дотраен и земјоделците трпат загуби во своето земјоделско производство“, истакна Спасовски.

Спасовски потенцира дека проектот е вреден над 24,3 милиони евра и се очекува да биде завршен во мај 2021 година.

„Досега се изградени над 75 отсто од дистрибутивните мрежи, завршени се подготвителните работи на главниот цевковод, во тек се градежните активности на главната зафатна градба, таложниците, главната пумпна станица, препумпните станици, разделните шахти, шахтите за воздушни вентили и хидрантските шахти, и одобрена е опремата, која е во фаза на набавка и монтажа“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски.



Тој објасни дека со изградбата на системот ќе се обезбеди наводнување на нови 2.150 хектари земјоделска површина на територијата на општина Валандово, поточно во населените места Удово, Јосифово и Пирава, вкупната вредност на проектот е над 24,3 милиони евра, од кои 30 отсто се обезбеди од буџетот на МЗШВ, а останатите 70 отсто, од Германската Развојна Банка (KfW), во форма на грант и на заем.

Градоначалникот на Општина Валандово, Перо Костадинов потврди дека сите работи на овој проект се изведуваат согласно претходно утврдениот план и пропишан квалитет.

„Овој систем ќе овозможи современ начин на наводнување, поголем квалитет на земјоделска обработка и континуирано снабдување со вода за наводнување на земјоделските површини во атарот на населените места Удово, Јосифово и Пирава. Овој проект е од капитален карактер за општината и значајно ќе го осовремени начинот на занимавање со земјоделство на овие простори“, рече градоначалникот Костадинов.

Тој на увидот на улицата која го поврзува населеното место Горна Мала со Јосифово и регионалниот пат Р-1105 потврди дека Јосифово добива комплетно нова улица со тротоарски површини, подобрена инфраструктура и нов урбан простор.



Continue Reading

Валандово

СВР Струмица поднесоа 77 кривични пријави, меѓу нив има и за 14 радовишани

Александар | Media Press

Published

on

СВР Струмица поднесе 77 кривични пријави против: Џ.Б.(56), А.М.(31), А.М.(38), М.Џ.(29), В.М.(24), А.Ф.(32), С.Ј.(19), М.Ш.(45), Ј.М.(41), Р.И.(37), Е.И.(36), С.А.(23), Б.Б.(21), Е.В.(53), Е.В.(20), К.Д.(16), сите 16 од Струмица.

По Шест лица од с.Банско и с.Василево, струмичко. Д.Ф.(24), Т.И.(39), Ѓ.С.(31), Д.Д.(29), А.А.(27), О.Р.(41), сите шест од с.Банско и С.И.(31), Т.А.(28), С.Ѓ.(31), С.Н.(21), Н.Н.(39), М.Х.(32), сите шест од с.Василево.

А.А.(23) од с.Старо Балдовци, струмичко, З.Ј.(43) од с.Просениково, струмичко, З.М.(47) од с.Радичево – Василево.

Од Радовиш кривични пријави добија 14 лица С.С.(22), А.Б.(25), Р.Ч.(68), Т.С.(40), О.О.(44), Ѓ.С.(43), Д.С.(41), Р.М.(32), С.П.(50), Е.А.(57), А.Ш.(28), Д.Б.(62), М.С.(30), Ц.С.(27).

Во Гевгелија има поднесено 31 кривична пријава Д.Т.(26), М.К.(45), С.М.(36), П.Т.(40), В.Ш.(49), Т.П.(23), Е.П.(29), Б.В.(46), Р.Ѓ.(38), С.С.(57), Е.Ѓ.(46), Б.Г.(67), М.Т.(58), Љ.Ј.(34), В.Т.(55), М.К.(50), А.Т.(29), Ѓ.Г.(40), Е.Д.(19), Л.А.(49), С.Д.(66), Р.Т.(67), З.Д.(54), И.А.(37), М.С.(46), М.С.(60), М.С.(48), Е.Ј.(45), К.П.(40), Ј.С.(39), Ж.Б.(19). и едно лице Т.И.(76) од Валандово

Сите кривични пријави се поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Пријавените не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење.

Continue Reading

Валандово

Костадинов: Во моментот во Општина Валандово две лица се позитивни на вирусот Ковид-19

Виолета | Media Press

Published

on

Градоначалникот на Општина Валандово Перо Костадинов апелира и повикува, сите граѓани дисциплинирано и безусловно да ги почитуваат препораките на Министерството за здравство.

„Нема потреба, ниту простор за паника, а уште помалку за шпекулации и за сензационализам. Апелирам, граѓаните и медиумите да се воздржат од ширење на непроверени и нерелевантни информации.

 На инфицираните наши сограѓани од вирусот Covid-19 им посакувам брзо и лесно опоравување.

 Благодарност до сите надлежни институции за ангажманот и за навременото постапување, како и до сите здравствени работници и припадници на МВР и ТППЕ – Валандово.

 Замолувам, преку личен пример, да покажеме високо ниво на свест, солидарност и емпатија. Јавното здравје е наша заедничка одговорност, и само од нас зависи, како пандемијата ќе се развива понатаму“, стои во апелот на градоначалникот Костадинов.

Continue Reading