Connect with us

Македонија

Републичките стручни тимови спроведуваат комплексни задачи за прва помош и извлекување на настраданите граѓани во Драч

Виолета | Media Press

Published

on

Тимови составени од 42 припадници на републичките сили за заштита и спасување, координирани од Дирекцијата за заштита и спасување, согласно одлуката на македонската Влада, од вчера попладнето се во Албанија за да помогнат во спасувачките акции на локалните власти.

Од доцна синоќа тимовите на републичките сили – тим за заштита од урнатини на ДЗС, преку офицерот за врски добиваат комплексни задачи за прва помош и извлекување на настраданите граѓани во Драч, како и во санирање на штетите од катастрофалниот земјотрес.

Покрај тимовите ДЗС, упати и специјализирана техничка опрема, амбулантно возило, медицинска и техничка опрема, како и најсовремена механизација која се користи за да се дојде до евентуалните преживеани.

На терен се и припадници на МВР со куче спасувач специјално тренирано за пронаоѓање преживеани под урнатините.

Досега тимовите лоцираа и извадија од урнатните две починати лица на две локации во срушените згради.

Владата на Македонија вчера донесе одлука да се издвојат 6 милиони денари како првична финансиска поддршка за санирање на последиците од земјотресот во Република Албанија.

Македонија

Сабота, 14 декември ќе биде работен ден за вработените во дел од државните институции

Виолета | Media Press

Published

on

Владата на својата 167 седница донесе одлука 14 декември, сабота, да биде работен ден за вработените во државните институции со тоа што ќе се спроведе акција за чистење на животната средина. Согласно одлуката, на 14 декември ќе се одработува  за 2 јануари 2019 година, којшто беше прогласен за неработен ден за вработените во државните институции.

Овој заклучок не се однесува за вработените во здравствените и образовните институции. Заклучокот се препорачува да го спроведат и единиците на локалните самоуправи, јавните претпријатија и другите правни лица основани од единиците на локалната самоуправа, за кои 2 јануари беше неработен денинфпрмира владината Прес -служба.

Според одлуката на Владата во сабота на 14 декември од страна на јавниот сектор ќе се спроведе акција за чистење на животната средина „Администрацијата чисти со Не биди ѓубре“ со цел подигање на свеста за почиста околина. За распоредот и локациите за спроведување на акцијата вработените во јавниот сектор дополнително ќе бидат известени од страна на раководните лица на институциите.

Continue Reading

Економија

Регресот за годишен одмор или К-15, до крајот на годината

Виолета | Media Press

Published

on

Регресот за годишен одмор или К-15 и оваа година ќе им следува на вработените во приватните компании од македонското стопанство.

Фирмите коишто не го исплатиле во претходните  месеци ќе мораат тоа да го направат до крајот на декември, а во случај да не го исплатат предвидени се парични и затворски казни за работодавачите.

Министерството за труд и социјална политики ги повикува компаниите да ги почитуваат обврските утврдени со Закон и со Колективен договор меѓу кои е и исплатата на  К-15 до крајот на годината.

Исплатата на регресот за годишен одмор (К-15) е право коешто е утврдено со Спогодба за изменување и дополнување на Општиот колективен договор  за приватниот сектор од областа на стопанството. Во Спогодбата е утврдено дека работникот има право на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40% од основицата, под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач. 

Државниот инспекторат за труд е орган кој е надлежен да врши инспекциски надзор над примената на правата и обврските на работниците и работодавачите утврдени со Закон и со Колективен договор. 

Истовремено, ги повикуваат работниците неисплатата на К-15 да ја пријавуваат на дежурниот телефонски број на Државниот иснпекторат за труд 15 131.

Од инспекторатот напоменуват дека во случаите каде ќе се утврди дека не е постапено согласно со Законот и Колективните договори, Државниот инспекторат за труд ќе преземе мерки согласно со Закон.

Continue Reading

Македонија

Премиерот Заев на средба со новата хрватска амбасадорка Н.Е. Тигањ

Виолета | Media Press

Published

on

Претседателот на Владата Зоран Заев, денеска,  ја прими амбасадорката на Република Хрватска, Н.Е. Нивес Тигањ, која од неодамна стапи на должноста во нашата земја.

Притоа, амбасадорката Тигањ истакна дека е позната поддршката која Хрватска ја дава на Северна Македонија за остварување на двете стратешки определби, интеграцијата во НАТО и Европската Унија, посочувајќи дека нашата земја направи огромен исчекор во остварувањето на реформските процеси и покажувањето спремност за зачувување на стабилноста во земјата и регионот.

На средбата беше констатирано дека претстојниот период, кога Хрватска ќе го преземе претседавањето со Европската Унија, е одличен момент за заокружување на поддршката и донесувањето позитивна одлука ќе биде дополнителна мотивација за продолжување на реформите, како важен сегмент за одржувањето на порастот на економијата, капиталните инвестиции и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Во разговорот, соговорниците изразија задоволство од досегашните одлични билатерални односи меѓу двете земји, кои се одвиваат без отворени прашања, карактеризирајќи ги како одлична основа за унапредување на трговската размена, се вели во соопштението од владината Прес-служба.

Continue Reading