Connect with us

Македонија

Владата организира масовна акција за чистење на ѓубре. Вклучени ќе бидат повеќе од 40.000 вработени во државните институции

Виолета | Media Press

Published

on

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, на денешната прес-конференција, ја претстави одлуката на Владата на Република Северна Македонија, за организирање на голема акција за чистење на ѓубре, во која учество ќе земат вработените од државните институции.

„Во сабота, на 14-ти декември, сите вработени од институциите ќе се приклучат на граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“, под мотото „Чистиме со Не биди ѓубре“. Акцијата за чистење ќе се одвива на повеќе локации во Скопје, како и во поголемите градови во државата. Во акцијата се очекува да бидат вклучени над 40.000 луѓе. Ова ќе биде масовна акција за чистење, која планираме да стане и традиционална“, информираше министерот Манчевски.

На овој начин, како што рече Манчевски, вработените од државните институции ќе помогнат за зачувувањето на животната околина, која е на сите и за сите. На овој начин ќе се подигне и свеста на граѓаните, за да успееме да ги зачуваме чисти локациите откако ќе заврши акцијата. 

„Со цел за успешна организација на оваа акција, на вчерашната седница Владата формираше и работна група во која има претставници од: Кабинетот на премиерот, Министерството за животна средина и просторно планирање, МИОА, Градот Скопје и ЗЕЛС, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи и ЈП за одржување и заштита на регионалните и магистралните патишта. Онаму кадешто ќе биде потребно ќе бидат обезбедени и соодветни алат и механизација да помогнат во чистењето“, истакна министерот Манчевски.

Тој ги повика и локалната самоуправа и институциите на општините, да се приклучат на акцијата. На акцијата ќе се приклучи и Делегацијата на Европската Унија и амбасадорот,СамоелЖбогар.

Поради природата на работата, вработените од здравствениот и образовниот сектор, градинките, како и оние вработени чијашто природа на работата не дозволува отсуство од работа, ќе се приклучат на акцијата со тоа што ќе ја чистат околината на установите во коишто работат.

На овој начин, вработените ќе го надоместат неработењето на 2-ри јануари 2019, кој беше прогласен за неработен за државните институции. Наместо да одат на работа, вработените на 14-ти декември, во периодот од 09:00 до 12:00 часот, ќе помогнат да се исчистат загадените локации низ градовите.

Избори 2020

Заклучен избирачкиот список, право на глас ќе имаат 1.814.263 гласачи

Виолета | Media Press

Published

on

 Државната изборна комисија (ДИК) денеска го заклучи Избирачкиот список за предвремените парламентарни избори на 15 јули. Право на глас на изборите ќе имаат 1.814.263 гласачи

Во Избирачкиот список се содржани и лицата кои до денот на изборите ќе наполнат 18 години, како и сите наши државјани кои доколку допатуваат во земјата на денот на гласање ќе можат да гласаат. Гласањето ќе може да го остварат само оние лица со важечки лична карта или пасош. Најмногу гласачи има во Куманово, над 90 илјади а најмалку во општина Конче околу 2700.

На 13 јули гласаат лицата позитивни на Ковид-19, а на 14 јули болните, немоќните и хронично болните, кои за гласање можат да достават барање до ОИК најдоцна до 8 јули на полноќ. Позитивните на Ковид-19 тоа треба да го направат со полномошник.

Во изводите на Избирачкиот список се запишани еден милион 729 илјади и 189 лица. Лица кои се иселиле или работат во странство во посебните избирачки списоци се запишани 83.054 гласачи. Во посебниот избирачки список за лицата во затвор и во притвор се запишани 1.657 гласачи, во старските домови 357 и шест лица се водат како внатрешно раселени лица.

На 90 избирачки места во нашата држава има помалку од 10 гласачи и според Избирнот законик, овие избирачи ќе можат да гласаат на најблиското избирачко место.

Continue Reading

Економија

Од денеска можат да се поплнуват барањата за поддршка на плата за месец јуни

Виолета | Media Press

Published

on

Работодавачите и самостојните вршители на дејност од денеска можат да ги пополнуваат барањата за поддршка од Владата за месец јуни кој е поставен на системот е-даноци и ЕПДД на УЈП.

Согласно  измените и дополнувањето на Уредбите со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите и самостојните вршители на дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот, компаниите и самостојните вршители на дејност мерката 14.500 може да ја користат и во јуни 2020 година.

„За таа цел УЈП ги изготви и постави на системот е-Даноци  Образецот -БФП-ИП/1 со кои се побарува финансиската поддршка за исплата на плати за месец јуни 2020 за компании, и  го изготви и постави на системот Е-ПДД – Образецот БФС-СВД/1 со кое се побарува финансиската поддршка за исплата на плати за месец јуни 2020 за самостојните вршители на дејност“, соопшти УЈП.

Според податоците на УЈП  мерката за финансиска поддршка во месец април  ја користеле вкупно 19.696 работодавачи,  односно 5.707 самостојни вршители на дејност, додека во мај истата мерка ја користеле вкупно 19.730 работодавачи, односно 5.814 самостојни вршители на дејност .

Continue Reading

Македонија

Нови 126 случаи со Ковид-19, 48 оздравени пациенти и четворица починати

Александар | Media Press

Published

on

Во последните 24 часа се направени 1140 тестирања, а регистрирани се 126 нови случаи на ковид-19 во Скопје – 66 и Тетово – 19, а во останати градови состојбата е ваква: Куманово 6, Штип 15, Прилеп 3, Струга 2, Велес 2, Битола 1, Кавадарци 4, Гостивар 2, Пробиштип 2, Свети Николе 1 и Ресен 3.

Направените 1140 теста се преку: ИЈЗ –489, Авицена –106, Биотек –110, МАНУ -115, Клиника „Жан Митрев“ -180,  Систина  со PCR метода -120, ЦЈЗ Битола-20. Досега во земјата се направени вкупно 60.773 тестирања на Ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Починати се 4 лица, по еден пациент од Скопје, Прилеп, Тетово и Гостивар.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 48 оздравени пациенти: Скопје 43, Штип 1, Битола 1, Ресен 3

Досега во земјата се направени вкупно 60.773 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6334, бројката на оздравени пациенти е 2475, на починати е 302, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3557.

Во изминативе 24 часа на Инфективната клиника се примени осум пациенти. Вкупно се хоспитализирани се 92 пациенти од кои 43 пациенти се на кислородна поддршка. Во болницата во Козле се хоспитализирани 23 возрасни пациенти, три деца позитивни и четири со појавени симптоми на Ковид-19. Во ГОБ „8 Септември“ се примени 18 нови пациенти, вкупно хоспитализирани се 140 пациенти. На респираторна машина се 11 лицца. Во болницата во Битола се хоспитализирани 45.

Continue Reading