Connect with us

Струмица

Повеќенаменски социјален центар во општина Струмица, проект кој е од исклучително значење за сите ранливи категории на граѓани

Виолета | Media Press

Published

on

Заврши реализацијата на проектот „Повеќенаменски социјален центар во општина Струмица“, проект кој е од исклучително значење за сите ранливи категории на граѓани.

Целта на овој проектот е создавање механизми за институционална соработка помеѓу Општина Струмица и граѓанскиот сектор од социјалната сфера, како и социјална инклузија на граѓаните од ранливата категорија. Тука спаѓаат организации кои опфаќаат лица со оштетен вид, со оштетен слух, со пречки во гласот, говорот и јазикот, телесно инвалидизирани лица, лица со интелектуална попреченост, аутистични лица и со други видови пречки.

Проектот е реализиран со донаторска помош од Владата на Република Бугарија, преку Среднорочната програма за развој и хуманитарна помош (2016-2019), а вредноста на донацијата изнесува 138 илјади евра.

Имплементатор на проектот е Општина Струмица преку Одделението за меѓународна соработка и европски фондови.
Покрај претставниците на здруженијата, на промоцијата присуствуваа и генералниот конзул на Република Бугарија во Македонија, Димитар Иванов, државниот секретар во Министерството за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, пратеничката Катерина Кузмановска и членови на Советот на општина Струмица.

Оваа не е прва донација која Струмица ја добива од владата на Бугарија. минатата година доби и специјално патничко возило за транспорт на соцјално ранливи група граѓани.

Струмица

Измени во режимот на сообраќај на пет улици низ Струмица

Александар | Media Press

Published

on

Општина Струмица изврши промена во режимот на сообраќај и подобрување на протокот на улиците:„Моша Пијаде“, „11-ти Октомври“, „Ванчо Китанов“, „Беласица“ и „Монополска“.

Сообраќајот на улица „Моша Пијаде“ на делница од крстосница со ул. „Ванчо Китанов“ до крстосница со ул „11-ти Октомври“ од двонасочен се променува во еднонасочен. Правецот на движење на оваа делница по ул. „Моша Пијаде“ е од крстосница на ул. „11-ти Октомври“ кон крстосница со ул.„Ванчо Китанов“. Десната сообраќајна лента на оваа делница на ул „Моша Пијаде“ гледано од правец на крстосница со ул. „Ванчо Китанов“ кон крстосница со ул. „11-ти Октомври“ е за паралелно паркирање на патнички моторни возила.

Сообраќајот на улица „Монополска“ од двонасочен се променува во еднонасочен. Правецот на движење на ул „Монополска“ е од крстосница на ул. „Ванчо Китанов“ кон крстосница со ул.„11-ти Октомври“.

Сообраќајот на улица „Беласица“ од двонасочен се променува во еднонасочен. Правецот на движење на ул „Беласица“ е од крстосница со ул „Ванчо Китанов“ кон крстосница со ул.„11-ти Октомври“.

Continue Reading

Струмица

Две деца ги изгубија животите и едно девојче е повредено во две несреќи во струмичко

Александар | Media Press

Published

on

znak-policija

Две малолетни деца на возраст од 15 и 14 години вчера се удавиле во реката Струмица. Од МВР велат дека децата ги изгубиле животите поради тоа што тракторот со кој се превезувале се превртел и паднал во реката.

„На 29.06.2020 во 15.15 часот било пријавено дека 15-годишник од Добрејци и 14- годишник од Пиперево со трактор „ИМТ 539″, кој го управувал 14 годишникот, се упатиле кон место викано „Таре” на реката Струмица за да ловат риби. Во еден момент, тракторот се превртел и паднал во реката, а малолетниците се удавиле“ велат од МВР.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица.

„На 29.06.2020 во 20.30 часот било пријавено дека во с.Банско, струмичко, моторцикл „хусун“, без регистарски ознаки, управуван од Ш.И.(29) од с.Банско удрил во девојче пешак на возраст од пет години од с.Банско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобило девојчето, констатирани во Медицинскиот центар Струмица, каде било пренесено за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Струмица.“

Continue Reading

Регион

Во два дена во струмичко изгореле околу 2 хектари сува трева и грмушки, оштетени се и лозови насади

Александар | Media Press

Published

on

Во два дена во струмичко изгореле околу 2 хектари сува трева и грмушки на две локации. Во пожарите оштетени се и лозови насади. Зачестуваат пожарите на отворено кои најверојатно се поради човечко невнимание или предизвикани со намера. Како што известуваат од ТППЕ Струмица, пожарите се случиле во атарите на населените места Водоча и Баница.

Во петокот околу 14:45 часот во атарот на селото Водоча, ТППЕ Струмица со три ПП возила и шест пожарникари интервенирале на гаснење на запалена сува трева, грмушки и лозови насади на површина од околу 1 хектар. Пожарот е успешно локализиран и ликвидиран.

Ден покасно, во сабота околу 19:30 часот во атарот на село Баница, ТППЕ Струмица со две ПП возила и пет пожарникари интервенирале на гаснење на запалена сува трева и грмушки на површина од околу 1 хектар. Со пламените јазици борбата траела околу 2 часа при што пожарот е успешно локализиран и ликвидиран околу 21:30 часот.

Continue Reading