Connect with us

Македонија

Во среда стабилно со услови за појава на утринска магла по одделни котлини

Виолета | Media Press

Published

on

Од четврток до сабота ќе има локални врнежи од дожд, позастапени во западните делови.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, по одделни котлини со услови за утринска магла, а на крајниот југ со слаб локален дожд. Во текот на денот сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура се движеше од 2 до 12, а дневната од 9 до 16 степени.

Во Скопје претпладне променливо облачно со услови за утринска магла. Во текот на денот сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Во среда стабилно со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Потоа од четврток до сабота ќе има локални врнежи од дожд, позастапени во западните делови.

Македонија

Претседателот Пендаровски на Регионалниот форум за добро владеење и борба против корупцијата

Виолета | Media Press

Published

on

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на Регионалниот форум за добро владеење и борба против корупцијата, кој е заеднички организиран од регионалната програма за антикорупција, финансиран од ЕУ и воден од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и проектот „Јакнење на платформата за граѓански организации за борба против корупција“ поддржан од Проектот на УСАИД за Граѓанско учество, спроведуван од Транспаренси Интернешнл Македонија (ТИ-М).

 На Форумот кој се одржува на тема:„Исполнување на ветувањето за проширување на ЕУ: 30 години добро управување и антикорупциски реформи во Централна и Источна Европа“, претседателот Пендаровски повика на соработка помеѓу институциите, невладиниот сектор, приватниот сектор, затоа што тоа е еден од успешните начини во справувањето со корупцијата, а транспарентноста и отчетноста се темели на доброто управување и владеење на правото.

„Со задоволство ја прифатив поканата да се обратам на овој форум за добро владеење и борбата против корупцијата. Пред неколку дена го одбележавме Меѓународниот ден за борба против корупцијата кога се потсетивме на стожерната Конвенција на Обединетите Нации која укажува на негативните последици од коруптивното однесување врз демократијата и врз владеењето на правото. Степенот на демократија во една држава примарно се мери со способноста на државата да овозможи доследно почитување и владеење на правото. Функционалната правна држава е основен предуслов за оддржлив развој на јавниот поредок.

 Неспорно е дека ние постојано вршиме прилагодување на домашното право со правото на Европската унија која е наша стратешка цел. Но, она што е моја лична дилема, а верувам и на најголемиот дел од нашите граѓани е дали државните институции суштински или само формално ги имаат усвоено и ги следат европските вредности и принципи во оваа област.

Со години зборуваме за спроведени реформи во правосудството, за натамошно градење на ефикасен и правичен систем, како гарант за почитување на човековите права и слободи. Меѓутоа, довербата на граѓаните во судскиот систем е во постојана надолна линија. Речиси нема човек во нашата држава што не минал низ судските лавиринти и што не поседува лошо искуство барајќи ја правдата. А, кога граѓанинот ќе ја загуби вербата во правдата, тогаш ја загубил најсилната врска со државата.

 Говориме за неселективно и независно судство, коешто професионално, правично и непристрасно ќе ги спроведува законите. Од друга страна, речиси секојдневно имаме судски случаи кои предизвикуваат сомнежи, дали во нашата држава правото важи еднакво за сите или можеби правото е сведено на политички инструмент, а правдата сè уште се повлекува пред моќта на моќните.

Долги години се бавам со прашањата од областа на безбедноста и слободно можам да кажам дека во изминатите 10-15 години во нашата држава високата корупција прерасна во една од најголемите безбедносни закани за иднината на земјата. Тука морам да го издвојам т.н. случај „Рекет“ кој дискредитираше голем дел од нашите напори и надежи за справување со криминалот и високата корупција. Лично, не очекував дека носители на толку важни и одговорни функции толку ќе потфрлат во даден момент. Овој случај останува да биде лакмус за правната држава, а со тоа и тест за отпорноста од политички влијанија на клучните институции.

Во оваа прилика сакам да нагласам дека искрената борба за правна држава подразбира да се истражуваат криминалите на претходната, но и криминалите на актуелната власт и секој кој се огрешил од законот, да добие соодветна казна. Истовремено е многу значајно да не се дозволи преку намерно застарување  на предметите да се случи т.н. „скриена амнестија“ на сторителите на дела поврзани со високата корупција.

Во овој контекст, сметам дека е добро што се овозможи да постои континуитет и што предметите од поранешното Специјално јавно обвинителство беа преземени од редовното обвинителство. Не постои земја-членка на Европската унија, која не ни укажува дека мора до крај да го истражиме тој огромен скандал во кој имаше милиони снимки кои мораат да имаат разрешница, во спротивно не може да очекуваме да не третираат како сериозна држава. Факт е дека најпросперитетните држави во светот имаат најниско ниво на корупција. Очекувам во наредниот период тоа да биде најтешката задача со која системски и сериозно ќе се зафатиме откако ќе почнеме да преговараме со Европската унија.

 За ефикасна борба против високата корупција нам ни е потребен и нов Закон за јавно обвинителство кој ќе ги задоволува највисоките европски стандарди, наместо преку непринципиелни политички договарања зад сцена да ја компромитираме борбата со високата корупција, рече меѓудругото претседателто Пендаровски во своето обраќање.

Continue Reading

Македонија

Сабота, 14 декември ќе биде работен ден за вработените во дел од државните институции

Виолета | Media Press

Published

on

Владата на својата 167 седница донесе одлука 14 декември, сабота, да биде работен ден за вработените во државните институции со тоа што ќе се спроведе акција за чистење на животната средина. Согласно одлуката, на 14 декември ќе се одработува  за 2 јануари 2019 година, којшто беше прогласен за неработен ден за вработените во државните институции.

Овој заклучок не се однесува за вработените во здравствените и образовните институции. Заклучокот се препорачува да го спроведат и единиците на локалните самоуправи, јавните претпријатија и другите правни лица основани од единиците на локалната самоуправа, за кои 2 јануари беше неработен денинфпрмира владината Прес -служба.

Според одлуката на Владата во сабота на 14 декември од страна на јавниот сектор ќе се спроведе акција за чистење на животната средина „Администрацијата чисти со Не биди ѓубре“ со цел подигање на свеста за почиста околина. За распоредот и локациите за спроведување на акцијата вработените во јавниот сектор дополнително ќе бидат известени од страна на раководните лица на институциите.

Continue Reading

Економија

Регресот за годишен одмор или К-15, до крајот на годината

Виолета | Media Press

Published

on

Регресот за годишен одмор или К-15 и оваа година ќе им следува на вработените во приватните компании од македонското стопанство.

Фирмите коишто не го исплатиле во претходните  месеци ќе мораат тоа да го направат до крајот на декември, а во случај да не го исплатат предвидени се парични и затворски казни за работодавачите.

Министерството за труд и социјална политики ги повикува компаниите да ги почитуваат обврските утврдени со Закон и со Колективен договор меѓу кои е и исплатата на  К-15 до крајот на годината.

Исплатата на регресот за годишен одмор (К-15) е право коешто е утврдено со Спогодба за изменување и дополнување на Општиот колективен договор  за приватниот сектор од областа на стопанството. Во Спогодбата е утврдено дека работникот има право на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40% од основицата, под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач. 

Државниот инспекторат за труд е орган кој е надлежен да врши инспекциски надзор над примената на правата и обврските на работниците и работодавачите утврдени со Закон и со Колективен договор. 

Истовремено, ги повикуваат работниците неисплатата на К-15 да ја пријавуваат на дежурниот телефонски број на Државниот иснпекторат за труд 15 131.

Од инспекторатот напоменуват дека во случаите каде ќе се утврди дека не е постапено согласно со Законот и Колективните договори, Државниот инспекторат за труд ќе преземе мерки согласно со Закон.

Continue Reading