Connect with us

Радовиш

Во Радовиш изложба на слики од познатиот македонски сликар Ниче Василев

Виолета | Media Press

Published

on

Во рамките на 46-тите Караманови поетски средби во Радовиш, во Центарот за култура Ацо Караманов, беше отворена  изложба на слики од познатиот македонски сликар Ниче Василев.

Присутните граѓани имаа можност да уживаат во прекрасните дела на  Ниче Василев кој  потекнува од Дабиле Струмичко. Академија на ликовна уметност завршил во Варшава во 1978 година. Василев имал триестина самостални и дваестина групни изложби а добитник е и на многу награди.

Изложбата ја отвори поетот и претседател на Карамановите поетски средби Борче Панов, а беа изложени дваестина дела на кои  пред се беше доловена убавината на жената.

Радовиш

Одобрени се средства за изградба на локален пат Дамјан-Погулево и расчистување на дивите депонии во општина Радовиш

Виолета | Media Press

Published

on

Со одлука на Советот за развој на Југоисточниот плански регион на одржаната XIV седница (06.12.2019), на Општина Радовиш и се доделуваат 8 милиони денари за изградба на локален пат од село Дамјан до село Погулево.

Патот ќе биде  во должина од 1927,7м. Исто така за чистење на дивите депонии се одобрени 1.850.000 денари, со што ќе бидат исчистени сите диви депонии во општината, вели градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов..

Средствата се одобрени преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, а одлуката беше подржана од сите градоначалници.

Continue Reading

Радовиш

Награда за најдобра Алпинистичка наврска доделена на 21-ви Меморијален собир во чест на 4 алпинисти кои загинаа на Солунска Глава

Виолета | Media Press

Published

on

2 -ца членови на Алпинистички клуб Плоча од Радовиш и годинава беа дел од Меморијалниот собир на Солунска глава на кој учествуваа околу 70 планиари од целата држава, посветен на 4 алпинисти кои загинаа на Солунска Глава  пред 22 години.

Овој меморијал се одржува по 21 пат посветен на трагичното загинување на четворицата алпинисти од Скопје кои беа затрупани од лавина во месноста Горна Бабина Дупка, во 1998 година.

АК Плоча со двајца свои членови зема учество на овој собир каде главна цел беше посета на местото каде што загинале алпинистите и искачување на врвот Солунска глава, поточно продолжување на нивната тогашна крајна цел која не ја достигнале.

-Временските услови на планината во почетокот беа со облаци покасно заврна дожд и како се движевме се повисоко во планината дождот поминуваше во снег, за на врвот да стане и урагантен силен ветер со ниски температури. Само најупорните и најспремните го достигнаа врвот Солунска Глава поради екстремните услови кои владееа на планината, вели Зоран Мајсторски кој беше дел од овој меморијален собир.

По завршувањето на планинарската акција во Планинарскиот дом следувало презентација на филмот за загинатите, како и доделување на награди на најдобри алпинисти зa 2019 година каде што наврската помеѓу Зоран Мајсторски и Надир Мурсели беше прогласена за најдобра во Македонија.

Солунска глава е на 2540 метри надморска височина.

Continue Reading

Радовиш

Голем интерес за присуство на хуманитарниот настан „Радовишка етно софра“

Виолета | Media Press

Published

on

Хуманитарното здружение Верица од Радовиш по втор пат го органзира хуманитарниот настан „Радовишка етно софра“ по повод 3-ти Декември, Денот на лицата со попреченост. Целта на овој настан е да се соберат финасиски средства од продажба на традиционални радовишки специјалитети по пат на лицитација,  и истите потоа да бидат донирани на Дневниот центар Порака, за постоперативно лекување на Андреј Даов и за социјално загорзено семејство од подареш. Голем беше интересот за прируство на настанот  и беа пристутни околу 250 жени од Општина Радовиш.

Жените ја покажаа својата хуманост и несебично наддаваа при купување на некој специјалит кој ги имаше околу стотина, дел донирани и од жените присутни на настаноти  и вкупно беа собрани околу 27 илјади денари.

Исто така беше органзирана и креативна работилница на која неколку дечиња изработуваа Новогодишни честитки и други украси, кои потоа беа дадени на продажба а средствата беа донирани.

И средствата собрани од органзираната лотарија беа наменети за истата хуманитарна цел. Жените истовремено беа хумани, донираа, и се забавуваа поминувајќи една прекрасна вечер.

Свој настап на „Радовишка етно софра“ имаа и најмладите членови на  и ФА „Бучим“ од Радовиш, кои се претставија со неколку ора.

Continue Reading