Connect with us

Струмица

Кривична пријава за стумичанец кој се обидел да силува 29 – годишна девојка

Виолета | Media Press

Published

on

СВР Струмица поднесе кривична пријава против С.Р.(37) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за обид за силување. На 17.11.2019 околу 04.05 часот на ул.„Кукушка“ во Струмица, пријавениот нападнал и допирал 29 – годишна девојка од Струмица. Набргу потоа, тој бил пронајден и приведен во полициска станица.

Струмица

Пет лица од с.Муртино и с.Банско лишени од слобода, поради криумчарење мигранти

Виолета | Media Press

Published

on

На 11. декември околу 19.30 часот на локалeн пат за с.Габрово, струмичко, кај место викано Габровски водопад и на регионалниот пат Струмица–Банско, кај с.Свидовица, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Т.П.(20) од с.Муртино, кој управувал патничко  возило „крајслер војаџер“ со струмички регистарски ознаки, во кое превезувал девет лица-мигранти од Сирија и З.А.(22) од с.Банско, кој управувал патничко возило „БМВ Х5“ со струмички регистарски ознаки, за кого постоело основано сомнение дека е соучесник.

Во врска со настанот, од слобода биле лишени и С.Ѓ.(25), од с.Муртино, Е.М.(30) од с.Банско и Д.М.(25) од с.Банско. Лицата биле предадени на полициски службеници од СВР Струмица и по целосно документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Струмица

Општина Ново Село одбележа 23 години од конституирањето на општината

Виолета | Media Press

Published

on

По повод Ден на Општина Ново Село, 12-ти Декември, во салата за Совет беше одржана Свечена Седница на Советот.
Денот на општината се одбележува по повод одржување на првата конститутивна Седница на Советот на Општина Ново Село на  12 -ти декември 1996.

На Седницата се обратија Претседателката на Советот Валентина Попова и Градоначалникот на Општина Ново Село Никола Андонов кој во својот говор се осврна на постигнатото во изминатиот период и приоритетните проекти во иднина.

Исто така, на Свечената Седница како почестени гости беа присутни претходни градоначалници, претходни претседатели на Совет, директори на образовните и општинските институции, командирот на полициската станица во Ново Село, идруги поканети гости.

Continue Reading

Струмица

Струмица отворa градинки и надвор од општинскиот центар

Виолета | Media Press

Published

on

Муртино e првото населено место во општината кое доби таков објект. На отворањето на градинката присуствуваше и премиерот Зоран Заев кој потенцираше дека грижата за децата и нивниот ран и правилен развој е врвен приоритет. Заев нагласи  дека За две години, на територијата на целата се изградени  или е во тек е изградбата и проектите за близу 70 градинки. 

Според него таква иницијатива, за толку кус период, не е забележана во историјата на државата.

Тој информираше дека пред  неполн месец, министерката за труд и социјална политика, МилаЦаровска потпишала  договори за грантови за изградба на нови градинки со пет општини во вкупен износ од 228.100.000,00 денари.

Според министерката за труд и социјална политика Мила Царовска освен вложувањата во раниот детски развој важно е што се поттикнуваат општините да размислуваат за детската заштита како приоритетно прашање.Освен во Муртино деновиве градинка ќе биде отворена и во селото Куклиш. Проектите се реализираа со финансиска поддршка на ЕУ и имаат вкупен капацитет од околу 90 деца.

Continue Reading