Connect with us

Радовиш

ООУ Крсте Петков Мисирков од Радовиш, го одбележа својот патронен празник

Давид | Media Press

Published

on

ООУ Крсте Петков Мисирков од Радовиш го одбележа својот   патронен празник посветен на основоположникот на македонскиот литературен јазик. Одбележувањето  започна со одржување на  Свечена академија во Центарот за култура „Ацо Караманов“ на која беше одржан Поетско сценски перформанс „Љубов на сите јазици“ во изведба на учениците.

За ликот и делото на Крсте Петков Мисирков пред присутните гости, наставници, родители и ученици, зборуваше  директорката Лујза Спасова, а во продолжение беше одржана  богата културно уметничка програма.

Одбележувањето на патрониот празник продолжи и денеска со одржување на  спортски натпревари во мал фудбал, кошарка, и натпревар во цртање, како и органзириање на свечен коктел.

 Инаку Крсте Петков Мисирков е основоположникот на македонскиот литературен јазик и правописславистисторичаретнограф, аналитичар на национално-политичките проблеми, публицист, собирач и проучувач на македонското народно творештво. Тој е и автор на првата книга и првото списание на современ македонски јазик, основоположник и активен учесник во македонските научно-литературни и национално-политички друштва во БелградСанкт ПетербургОдеса и Софија, раководител на ТМОК и личност на македонскиот 20 век.[2]

Мисирков е автор на книгата „За македонцките работи“, списанието „Вардар“ и голем број на научни статии објавени во различни весници. Покрај авторската дејност тој се занимавал и со превод на литературни дела и собирање на народни творби.

Радовиш

Одобрени се средства за изградба на локален пат Дамјан-Погулево и расчистување на дивите депонии во општина Радовиш

Виолета | Media Press

Published

on

Со одлука на Советот за развој на Југоисточниот плански регион на одржаната XIV седница (06.12.2019), на Општина Радовиш и се доделуваат 8 милиони денари за изградба на локален пат од село Дамјан до село Погулево.

Патот ќе биде  во должина од 1927,7м. Исто така за чистење на дивите депонии се одобрени 1.850.000 денари, со што ќе бидат исчистени сите диви депонии во општината, вели градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов..

Средствата се одобрени преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, а одлуката беше подржана од сите градоначалници.

Continue Reading

Радовиш

Награда за најдобра Алпинистичка наврска доделена на 21-ви Меморијален собир во чест на 4 алпинисти кои загинаа на Солунска Глава

Виолета | Media Press

Published

on

2 -ца членови на Алпинистички клуб Плоча од Радовиш и годинава беа дел од Меморијалниот собир на Солунска глава на кој учествуваа околу 70 планиари од целата држава, посветен на 4 алпинисти кои загинаа на Солунска Глава  пред 22 години.

Овој меморијал се одржува по 21 пат посветен на трагичното загинување на четворицата алпинисти од Скопје кои беа затрупани од лавина во месноста Горна Бабина Дупка, во 1998 година.

АК Плоча со двајца свои членови зема учество на овој собир каде главна цел беше посета на местото каде што загинале алпинистите и искачување на врвот Солунска глава, поточно продолжување на нивната тогашна крајна цел која не ја достигнале.

-Временските услови на планината во почетокот беа со облаци покасно заврна дожд и како се движевме се повисоко во планината дождот поминуваше во снег, за на врвот да стане и урагантен силен ветер со ниски температури. Само најупорните и најспремните го достигнаа врвот Солунска Глава поради екстремните услови кои владееа на планината, вели Зоран Мајсторски кој беше дел од овој меморијален собир.

По завршувањето на планинарската акција во Планинарскиот дом следувало презентација на филмот за загинатите, како и доделување на награди на најдобри алпинисти зa 2019 година каде што наврската помеѓу Зоран Мајсторски и Надир Мурсели беше прогласена за најдобра во Македонија.

Солунска глава е на 2540 метри надморска височина.

Continue Reading

Радовиш

Голем интерес за присуство на хуманитарниот настан „Радовишка етно софра“

Виолета | Media Press

Published

on

Хуманитарното здружение Верица од Радовиш по втор пат го органзира хуманитарниот настан „Радовишка етно софра“ по повод 3-ти Декември, Денот на лицата со попреченост. Целта на овој настан е да се соберат финасиски средства од продажба на традиционални радовишки специјалитети по пат на лицитација,  и истите потоа да бидат донирани на Дневниот центар Порака, за постоперативно лекување на Андреј Даов и за социјално загорзено семејство од подареш. Голем беше интересот за прируство на настанот  и беа пристутни околу 250 жени од Општина Радовиш.

Жените ја покажаа својата хуманост и несебично наддаваа при купување на некој специјалит кој ги имаше околу стотина, дел донирани и од жените присутни на настаноти  и вкупно беа собрани околу 27 илјади денари.

Исто така беше органзирана и креативна работилница на која неколку дечиња изработуваа Новогодишни честитки и други украси, кои потоа беа дадени на продажба а средствата беа донирани.

И средствата собрани од органзираната лотарија беа наменети за истата хуманитарна цел. Жените истовремено беа хумани, донираа, и се забавуваа поминувајќи една прекрасна вечер.

Свој настап на „Радовишка етно софра“ имаа и најмладите членови на  и ФА „Бучим“ од Радовиш, кои се претставија со неколку ора.

Continue Reading