Connect with us

Струмица

Панел дискусија за Оперативниот план за вработување за 2020, одржана во Струмица

Avatar

Published

на

Во домот на АРМ  во Струмица во петокот се одржа панел дискусија за Оперативниот план за вработување за 2020, со фокус на регионалните и локалните проблеми, предизвици и потреби. Организатор беше министерството за труд и социјална политика, а истата се одржа со поддршка на општина Струмица. Како учесник на панел дискусијата, градоначалникот Коста Јаневски ги информираше присутните за особеностите, визиите, целите и активностите на Локалниот економски социјален совет во општина Струмица, кој е прв во земјава и постои од далечната 2011 па се до денес.
Локалниот економски социјален совет има консултативна и советодавна функција, и разгледува прашања, дава совети, мислења, предлози и препораки до Советот на општината и други органи и институции за одредени прашања од економијата и социјалната сфера. Особено совети за вработувања на младите  и зајакнување на суштинските врски меѓу потребите на пазарот на труд, дефинирани од страна на деловните субјекти, и вештините, квалификациите и знаењата кои младите ги поседуваат, благодарение на образовниот систем низ кој поминале.

Развиениот економско-социјален дијалог на локално ниво создава позитивна клима и развивање на односите меѓу економско-социјалните партнери во креирањето на локалните политики кои влијаат стимулирачки за намалување на стапката на невработеност, пораст на животниот стандард и воспоставување социјална правда и социјална кохезија меѓу оние кои бараат работа и оние кои нудат нови работни места.

На одржаната панел дискусија во Струмица присуствуваа претставници од Општина Струмица, млади невработени лица  и претставници од локалните самоуправи од други општини од Рагионот.

Струмица

Приведен крадец во Струмица кој извршил тешка кражба во плац за градежни материјали

Avatar

Published

на

Приведен крадец во Струмица кој извршил тешка кражба во плац за градежни материјали.

Имено како што информира МВР, денеска (27.03.2024) во 01.45 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Д.А.(32) од село Василево, струмичко. Тој бил приведен од полициските службеници веднаш по извршување на „тешка кражба“ во плац за градежни материјали во Струмица, при што кај него биле пронајдени предметите кои ги одзел.

Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот против Д.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Струмица

Струмичките пожарникари интервенирале на запалено возило

Avatar

Published

на

На 21.03.2024 во Полициската станица Струмица било пријавено дека на ул.„Климент Охридски“ во Струмица настанал пожар на паркирано патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки. По интервенција на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица.

На 20.03.2024 во Полициското одделение Ново Село било пријавено дека на локален пат во близина на село Сушево, струмичко, настанал пожар на паркирана работна машина – багер. Во пожарот повредени лица нема. Увид на местото на извршила екипа на СВР Струмица.

Прочитај повеќе

Струмица

Лишени од слобода три лица од струмичко, агресивно се однесувале кон полициски службеници

Avatar

Published

на

На 20.03.2024 во 22.50 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Б.Т.(31) од Струмица, О.К.(42) и П.С.(31), двајцата од село Баница, струмичко, затоа што агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени задачи. Лицата биле задржани во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе