Connect with us

Радовиш

Заврши традиционалниот шестоноемвриски турнир во мал фудбал „Радовиш 2019“

Виолета | Media Press

Published

on

Турнирот се одржуваше во иминатите три недели во спортската сала СРЦ 25 Мај,под покровителство на ЕЛС општина Радовиш а во организација на ФК „Бунарџик“.

Оваа година на традиционалниот шестоноемвриски турнир во мал фудбал „Радовиш 2019“ учествуваа вкупно 19 екипи од целата држава.

Вчера со почеток од 20:00 час. во преполната спортска сала и во прекрасна спортска атмосфера се одиграа финалните натпревари на кои беа постигнати следните резултати:
-Натпревар за третото место:
Милакс Инг. – Гостилница кај Џек 4:2

-Финале:
АЗ Транспорт – Серта 0:5

Првото место на овогодишниот турнир го освои екипата на „Серта“, добивајќи парична награда од 180,000 денари, второ место освои АЗ Транспорт добивајќи парична награда од 90,000 денари.

По доделувањето на пехарите беа прогласени и најдобри поединци на турнирот, односно најдобар стрелец, најдобар играч и најдобар голман на турнирот.

Пехарите и вредносните ваучери на најуспешните екипи ги доделија Градоначалникот на општина Радовиш – Герасим Конзулов, членовите на Советот на општина Радовиш – Ристе Спасов и Јован Лукаров и заменик ген.директор на Рудникот Бучим – Николајчо Николов информираат од Општина Радовиш.

Радовиш

Радовиш ќе добие енергетски ефикасно јавно осветлување по ЕСКО МОДЕЛ

Виолета | Media Press

Published

on

Советот на Општина Радовиш донесе Одлука за давање на позитивно мислење за предлог-договорот за воспоставување на јавно приватно партнерство за давање на енергетски услуги за јавно осветлување и овластување на градоначалникот за потпишување на договор.  Пред донесувањето на одлуката градоначалникот Конзулов даде мало објаснување што ќе придонесе овој проект за уличното осветлување во градот.

Новиот ЕСКО МОДЕЛ обезбедува подобри услови за граѓаните со примена на мерки за енергетска ефикасност и враќање на инвестицијата исклучиво преку заштеда на енергија. Проектот предвидува; Оржлив модел за општински развој; Модерна ЛЕД технологија; Штедливи светилки; Централно дигитално управување со мрежа; Одржување на опремата од страна на ЕСКО компанијата и
опремата останува кај крајниот корисник.

Со реализацијата на овој проект Радовиш ќе добие енергетски ефикасно јавно осветлување.

Continue Reading

Избори 2020

Што предвидуват во програмата и што ветуваат Заев и Мицкоски пред граѓаните во регионот

Виолета | Media Press

Published

on

Лидерите на двете најголеми политички партии СДСМ и ВМРО ДПМНЕ,  Зоран Заев и Христијан  Мицкоски кои го посетија Радовиш, на прашањето што да очекуваат граѓаните од регионот одговрија:

Заев: Овој наш земјоделски регион ќе го заштитиме еколошки, ќе ги подигнеме платите а ќе се качуваат и пензиите,земјоделството ќе се унапредува…

Мицкоски: Бизнисмените да очекуваат најнизок данок, вработување на невработените,  поврзување на Конче со Струмица преку Рич и Попчево, 1000 километри локални регионални патни правци, унапредување на земјоделието, инвестиции…

Continue Reading

Избори 2020

Мицкоски во посета на Радовиш и Конче: Се обврзавме на чесна и честита работа

Виолета | Media Press

Published

on

ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“ вчера  ја промовираа програмата пред граѓаните на Радовиш. Претседателот на ВМРО- ДПМНЕ Христијн Мицкоски пред граѓаните рече: „Ги посетивме Конче и Радовиш. Се обврзавме на чесна и честита работа. Се обврзавме на обнова која ќе ја донесеме после 15 јули. Македонија мора да си ја исправиме!“.

Пред граѓаните на Радовиш се претставија и кандидатот за пратеник Здравко Трајанов и носителот во ИЕ 4 Александар Николовски.

„Радовиш ми е во душата и ќе направам се да ја вратам гордоста на радовишани“, рече Трајанов,ж.

На трибината во Струмица Мицкоски меѓу другото рече „Нема преговарање за Гоце Делчев. Гоце Делчев е Македонија. Не смее никој да преговара ниту за Гоце, ниту за Даме, ниту за Никола, ниту за Питу, ниту за Тодор. Тие се Македонија. Врз основа на тие луѓе државата ја градевме!“

Continue Reading