Connect with us

Македонија

Царовска на средба со пензионерите во Штип: Околу 900 денари повеќе за пензионерите во 2020 година

Media Press

Објавено на

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и директорот на Фондот на ПИО Шаип Зенељи вчера се сретнаа со пензионерите во Штип, со кои разговараа за зголемувањето на пензиите и други актуелни прашања. Министерката лично ги информираше за претстојното покачување на пензиите во јануари 2020 година кое ќе изнесува околу 900 денари со пресметаните дополнителни усогласувања.

„Ова е најголемо покачување во последните 20 години. Од почетокот на следната година секој пензионер ќе добива дополнителни 700 денари, со новото законско решение со кое пензиите ќе пораснат согласно со растот на платите во државата. Со усогласување на пензиите со трошоците на живот пензионерите ќе добијат и дополнителни 160-200 денари. Што значи пензиите само во 2020 ќе се зголемат за 900 денари“, рече Царовска на средбата во Штип.

Царовска истакна дека пензиите се покачуваат во време кога дефицитот на ПИОСМ е намален, а растот на приходите кои се слеваат во Фондот расте. Дополнителниот раст на пензиите е систематско решение. Конкретно, растот на пензиите ќе го следи и покачувањето на минималната и на просечната плата во државата, освен според растот на БДП.

„Во години на раст на минимална плата над 15%, и на раст на просечна плата за 5%, ќе има можност за покачување и на пензиите за 5%“, рече Царовска.

Речиси 44% од пензионерите во државата земаат пензија под 12.000 денари. Дополнителните 700 денари ќе значат најмногу токму за оваа категорија на граѓани, заклучи Царовска. 

Македонија

Поевтинуваат горивата

Media Press

Published

на

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.

ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.

Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,

Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.

Прочитај повеќе

Македонија

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

Media Press

Published

на

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Македонија

Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот

Media Press

Published

на

Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.

Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.

📅 Дата: 26.12.2026 година

📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.

Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Прочитај повеќе