Categories: Македонија

Од 15-ти ноември – задолжително поседување на зимската опрема во возилата

Од 15 ноември  почнува да важи задолжителната обврска за носење зимска опрема во возилата која ќе трае до 15 март.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата упати апел до возачите да бидат одговорни и да ја почитуваат законската обврска, иако временските услови сѐ уште се стабилни.

На возачите кои нема да ја почитуваат законската обврска им се издава платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност, односно им се регистрираат 25 негативни бодови. Воедно полициски службеник може да нареди прекин на натамошното движење на возилото, ако возачот не постапи според сообраќајниот знак за задолжително носење и употреба, како и во ситуација кога не постои таков сообраќаен. Ако зимските услови на патот не овозможуваат непречено и безбедно одвивање на сообраќајот,  односно задолжително да ја постави зимската опрема на возилото.

РСБСП апелира до возачите да направат зимска проверка и подготовка на своето возило, навреме да ја обезбедат потребната зимска опрема, секогаш да ја носат во своето возило и правилно да ја користат.

Под зимска опрема на моторни возила со дозволена маса која не надминува 3.500 кг. се подразбираат зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите од 4 мм. или летни гуми на сите тркала со длабочина од најмалку 4 мм, доколку возилото во приборот има синџири за снег.

Моторните возила со погон на четири тркала потребно е да имаат зимски гуми на сите тркала со минимална длабочина од 6 мм. или пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите од најмалку 4 мм, ако во возилото има синџири за снег. – Во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина, информираат од МВР.

За возилата кои се потешки од 3.500 кг. како зимска опрема се сметаат зимски гуми со минимална длабочина на шарите од 6 мм или летни гуми на сите тркала со длабочина на шарите од минимум 4 мм, доколку во возилото има синџири за снег. Автобусите и товарните возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег, треба да имаат зимски пневматици и припарен алат, односно лопата.

Зимски гуми се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака: „МЅ“, „М+Ѕ“, „М&Ѕ“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

РСБСП со препорака: Користењето на соодветна зимска опрема во голема мера придонесува за  безбедно одвивање на сообраќајот  при зимски услови на патиштата. Согласно тоа, секој возач  треба да користи соодветна зимска опрема  пред се заради лична заштита, безбедно одвивање на сообраќајот и безбедно пристигнување на посакуваната дестинација.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago