Меѓународниот ден за борба против дијабетес годинава се одбележува под мотото „дијабетес
– препознај ги знаците, заштити го семејството“.
Здружението на дијабетичари од Радовиш во соработка со Црвениот крст од
Радовиш по тој повод спроведе повеќе активности. Денеска беше спроведена акција за бесплатно мерење на шеќерот
во крвта на вработените во СОУ „Коста Сусинов“ во Радовиш и во Детската
градинка „Ацо Караманов“ во Радовиш .
Претседателто на Здружението на дијабетичари од Радовиш и Конче Тони Митев,
задовлен од средбата со министерот за
здравство Венко Филипче и за прв пат досега, со претседателот на државата Стево
Пендаровски кој покажал интерес за решавање на проблемите со кој се соочуваат
дијабетичарите.
Бројката на заболени од дијабетес рапидно расте. Според последните податоци
во Радовиш има околу 540 пацинети на инсулин, а само пред две години имало 410,
додека околу 2000 пацинети се на таблетарна терапија.
Според официјалните податоци
над 200.000 илјади граѓани на Македонија боледуваат од дијабетес, но се смета
дека оваа бројка, е поголема. Се
претпоставува дека до 2025 година секој 9-ти граѓанин ќе биде дијабетичар, како
резултат на пасивниот, односно физички неактивниот живот и нездравата исхрана.
Светскиот ден на дијабетесот за прв пат се
одбележува во 1991 година.14 ноември се одбележува како ден на
дијабетесот преку глобална кампања предводена од Светската здравствена
организација (СЗО) за да се зајакне свесноста на граѓаните за потребата од
засилена грижа за превенција на оваа болест.
Дијабетесот е хронично системско пореметување на метаболизмот,
кое се карактеризира со хипергликемија, т.е. трајно зголемување на нивото на
глукоза во крвта. Генерално е условен од наследни фактори, а настанува како
последица на намалено излачување или намалено биолошко дејство на хормонот
инсулин, односно во комбинација на овие два фактори. Тој недостаток ја
попречува размената на јаглени хидрати, масти и белковини во организмот (што се
манифестира со карактеристични тегоби), а по подолго време влијае и на
структурата и функцијата на крвните садови, нервите и другите витални органи и
органски системи.