Connect with us

Конче

Се гради првата спортска сала во општина Конче

Виолета | Media Press

Published

on

Освен за потребите на образовниот процес,  истата ќе може да се користи и за рекреативни цели, се со цел развој на младите и генерално за развој на спортот во општината.

Изградбата на спортската сала во Конче која стартуваше летово тече според предвидената динамика информираат од општина.  Станува збор за спортска сала која се гради со средства на Министерството за образование, во дворот на ООУ “Гоце Делчев” во Конче и истата би требало да биде готова до почетокот на следната учебна година.

,,Изградбата на спортската сала се одвива во полн ек, ова ќе биде првата спортска сала изградена во општина Конче, овој проект беше еден од приоритетните проекти за кој вложивме голем труд за да успее, како што најавивме и претходно општина Конче ќе продолжи да вложува во проекти за развој на младите и подобрување на условите за нивното образование’’, истакна  градоначалникот на Конче Благој Илиев.

Првата спортска сала во општина Конче освен за потребите на образовниот процес,  ќе може да се користи и за рекреативни цели се со цел развој на младите и генерално за развој на спортот во ова мала општина, која контуинирано ги поддржува спортските клубови и турнири што се организираат во рамките на локална самоуправа.

Од општината информаираат, дека изведувачот ,,Гранит’’ ги реализира работите според утврдениот план и динамика. 

Конче

Општина Конче е првата општина во државата во која успешно е спроведен проектот за консолидација на земјоделско земјиште

Марија | Media Press

Published

on

На одржаната средба во општинитата, Собрание на  учесници едногласно го изгласаа предлог- планот за распределба на земјоделско земјиште, како завршна фаза во постапката за консолидација во катастарска општина Конче. Собранието беше оргазнирано од страна на министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, а со подршка на проектот финасиран од Европската унија „МАИНЛАНД“  кој го спроведува ФАО. Целта на проектот е решавање на проблемот со прекумерната расцепканост на земјоделските парцели и нивно групирање со цел поефикасно земјоделско производство. Градоначалникот на Општина Конче Благој Илиев изрази благодарност до сите учесници во проектот за успешна реализација со надеш за реалзирање на уште вакви проекти.

Заменик министерот за земјоделие Благе Цветковиќ, кој беше присутен на средбата, им честиташе на жителите од Општина Конче, за успешно спроведениот прв проект за консолидација на земјоделско земјиште во државата.Тој ја истакна заложбата на МЗШВ за спроведување на националната стратегија за консолидација, окрупнување на земјоделско земјиште.

 Конче беше избрано за пилот подрачје за спроведување на консолидација на земјоделско земјиште по принципот на распределба на земјишни парцели без промена на граници, на вкупна површина од 28 хектари, расцепкано на 101 парцела. Во проектот се вклучија 26 сопственици на земјоделско земјиште, заедно со државата вкупно 27.

Очекуваните позитивни ефекти во земјоделското производство, кое е главна економска дејност на жителите во Конче и регионот, ќе придонесат кон поголема економска исплатливост, поголеми и стабилни приходи  на земјоделските стопанства и подобрување на квалитето на живот на локалното население.

Continue Reading

Конче

Градоначалникот на Општина Конче Благој Илев оствари работна посета на Турција

Виолета | Media Press

Published

on

Градоначалникот на Општина Конче Благој Илев на  покана на „Сојузот на Турски општини“ заедно со уште неколку Градоначалници  беше во работна посета на Република Турција. Градоначалникот Илиев заедно со останатите градоначалници, остварија работни средби со Градоначалниците на Општините Османгази – Бурса, Коџаели, Алтинова – Измит, Бајрампаша – Истанбул како и работна средба со неколку пратеници од Големото Собрание на Р. Турција.

На средбите биле разменети  мислења, и искуства, како и планови како да се продлабочи меѓусебната соработка.
Во рамките на ова тематско патување била остварена посета на Социјалниот центар за детски услуги со посебни потреби во општините Зејтинбурну и Бајрампаша, како и посета на центарот за класификација на отпад во Општина Пендик – Истанбул.


-Во рамките на ова патување исто така беа посетени неколку центри во Истанбул од каде се врши современа организација за обезбедување на квалитетни услуги за своите граѓани.
За стекнатото искуство од ова патување посебна благодарност упатуваме до Генералниот Секретар на Сојузот на Турски Општини, Фахри Солак, вели градоначалникот Благој Илиев.


Continue Reading

Конче

Брачен пар донираше возило за потребите на Народна кујна од Конче

Виолета | Media Press

Published

on

Куртов Ајрула со потекло од с.Конче и неговата сопруга Габриела Куртов-Гудер од Германија кои живеат и работат во Германија, донираа автомобил “Пежо Партнер” кој ке биде доделен на “Народна Кујна” со кој раководи ЈКПД “Лакавица”.

 Народната Кујна дневно доставува топол оброк на околу 70 социјални,изнемоштени и стари лица во с.Конче и околните села. До сега превозот на оброците се доставуваше со доста старо возило кое беше тешко за одржување и користење. Клучевите од возилото денеска кое денеска беше донесено во Конче беа предадени на градоначалникот Благој Илиев, кој се заблагодари за ваквата вредна донација со која ќе се реши проблемот со доставувањето на топлите оброци. Со регулирањето на потребната документација ќе биде ставено во функција и на располагање на ЈКПД “Лакавица”.

Continue Reading