Categories: Василево

Започна изградба на улица во Нова Маала, улица која при дождови се раскалува и е тешкопроодна

Од денеска  започна изградбата на улицата во населеното место Нова Маала, Општина Василево, која води кон резервоарот. Вкупната должина на улицата изнесува 181 метри, со широчина на асфалтниот коловоз од 3,5 метри и армирано бетонски канал од десната страна на улицата за прифаќање на атмосферските води.

„Постоечката улица е со земјан коловоз и при дождови се раскалува и е тешкопроодна. Со изградбата ќе решиме еден огромен проблем пред се на оние граѓани кои се нејзини најдиректни корисници но и на сите жители на населеното место Нова Маала“ изјави градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев кој беше на терен и присуствуваше на официјалниот старт на градежните активности на оваа улица.

Вкупниот буџет за изградба на улицата изнесува околу 1 980 000 денари од кои 1 000 000 се обезбедени како грант од Меѓународната банка за обнова и развој (IBRD) во рамки на Проектот за подобрување на општинските услуги (МСИП), а остатокот во износ од околу 980 000 ден. се средства од општинската каса.

Согласно Договорот улицата треба да биде изградена до крајот на оваа година, информираат од општината.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago