Василево
Започна изградба на улица во Нова Маала, улица која при дождови се раскалува и е тешкопроодна

Published
1 month agoon

Од денеска започна изградбата на улицата во населеното место Нова Маала, Општина Василево, која води кон резервоарот. Вкупната должина на улицата изнесува 181 метри, со широчина на асфалтниот коловоз од 3,5 метри и армирано бетонски канал од десната страна на улицата за прифаќање на атмосферските води.
„Постоечката улица е со земјан коловоз и при дождови се раскалува и е тешкопроодна. Со изградбата ќе решиме еден огромен проблем пред се на оние граѓани кои се нејзини најдиректни корисници но и на сите жители на населеното место Нова Маала“ изјави градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев кој беше на терен и присуствуваше на официјалниот старт на градежните активности на оваа улица.
Вкупниот буџет за изградба на улицата изнесува околу 1 980 000 денари од кои 1 000 000 се обезбедени како грант од Меѓународната банка за обнова и развој (IBRD) во рамки на Проектот за подобрување на општинските услуги (МСИП), а остатокот во износ од околу 980 000 ден. се средства од општинската каса.
Согласно Договорот улицата треба да биде изградена до крајот на оваа година, информираат од општината.
Поврзани содржини
Отчет на градоначалникот на Општина Василево Марјан Јанев
Извршен технички прием на прочистителната станица во с. Едрениково
Општина Василево обезбеди средства за изградба на улица во индустриската зона
Локалната улица во Штука, општина Босилово, подготвена за асфалтирање
Во недела ќе се одржи манивестацијата „Ден на празот“ во Градашорци
Во тек е реконструкцијата на патот до брана Турија во Општина Василево
Василево
Отчет на градоначалникот на Општина Василево Марјан Јанев

Published
4 days agoon
December 12, 2019
-Најмногу акцент во двегодишното работење е дадено на локалната, патна инфраструктура, вели градоначалникот на Општина Василево Марјан Јанев во својот отчет. Меѓудругото како што вели секојдневно се залагал заедно со својот тим, за реализација на проекти за подобро живот на сите граѓани. Асфалтирани се улици во речиси секое населено место а тековно сеуште се градат нови.
Јанев додаде дека општината интервенирала и во уредувањето на полските патишта во сите населени места. Во сверата на комунални дејности, водоснабдување и третман на отпадни води како и справување со отпадот, општината реализирала повеќе проекти .
Во соработка со ЈП Турија е решен проблемот со квалитетот на водата за пиење, извршен е ремонт на водоводната линија во село Дукатино, изграден е нов крак за фекална канализација во Пиперево, атмосверска канализација во Градашорци и други прокети.
Градоначалникот Јанев во продлжение спомна дека се набавени стотина контењери за собриање на отпад и распоредени по наслените места. Во тек е набавка на ново возило за собирање на смет од сите населени места, а набавен е и нов ровокопач за потребите на општината.
Ќе се реализира и проект преку јавно- приватно партнерство по ЕСКО – модел, за реконструкција и одржување на уличното осветлување, со замена на обичните со лед светилки.
Градоначалникот спомна дека е инвестирано и во областите спорт, образоавание и култура , детска и социјална заштита, како реконструкција на домот на културата во Нова маала и негова адаптација во спортска сала. Поставени се нови огради на дворовите во училиштата, а ќе се гради и нова градинка во Ангелци.
Василево
Извршен технички прием на прочистителната станица во с. Едрениково

Published
6 days agoon
December 10, 2019
Во населеното место Едрениково, Општина Василво, извршен е технички прием и пробно пуштање во употреба на прочистителната станица за третман на отпадни води од домаќинствата. Истата е изградена во рамки на проектот „Управување со сливот на река Струмица“, кој го имплементира Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Швајцарската агенција за развој и соработка.
На техничкиот прием и пробното пуштање во употреба присуствуваа претставници на производителот на опремата, на изведувачот, надзорниот орган, Центарот за развој на ЈИПР како партнер и имплементатор на проектот и претставници од општина Василево.
„Прочистителната станица заедно со неодамна изградената канализациона мрежа претставува функционален систем со капацитет за собирање и прочистување на отпадните води од сите домаќинства во населено место, со што во Едрениково комплетно е решен проблемот со собирање и третман на отпадните води од домаќинствата, изјави градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев во врска со финализирањето на овој капитален проект и при тоа изрази благодарност до сите партнери вклучени во неговата имплементација.
„До сите партнери и соработници изразувам огромна благодарност за реализацијата на овој проект, кој имајќи го предвид значењето на заштитата на животната средина, ги надминува локалните рамки и има глобално значење“, изјави Јанев.
Средствата за реализација на овој проект се обезбедени од Швајцарската агенција за развој и соработка.
Она што следува, а е од интерес пред се на жителите на с. Едрениково е постапката за приклучување кон системот, која ќе започне во најкраток можен период, односно по завршувањето на примопредавањето на мрежата на Јавното комунално претпријатие „Турија“, Василево како надлежно за оваа област.
Прочистената вода ќе се испушта во реката Сушица и ќе ги задоволува физичко- хемиските стандарди за испуштање во површински водотек, информираат од општината.
Василево
Општина Василево обезбеди средства за изградба на улица во индустриската зона

Published
1 week agoon
December 6, 2019
Со околу 4,9 милиони денари обезбедени од Советот за рамномерен регионален развој преку Центарот за развој на ЈИПР, општина Василево ќе гради улица во индустриската зона.
Улицата се протега помеѓу објектите на Тритерол и Евромак и е со должина од 231 метар и ширина од 4,5 метри.
„Стварањето услови за развој на локалната економија е еден од приоритетите на
општина Василево чија примарна цел е подобрување на
квалитетот и подигање на стандардите и условите за живот на сите граѓани.
Индустриската зона во општина Василево е еден од генераторите на локалната
економија а наша заложба и обврска како локална самоуправа е подобрување на условите
за стопанисување, преку уредување на инфраструктурата“ изјави градоначалникот
на општина Василево Марјан Јанев, кој информираше дека општина Василево, преку
Центарот за развој на Југоисточниот плански регион успеа да обезбеди средства
за изградба на една улица во индустриската зона, кон која гравитираат неколку
стопански објекти кои повеќе години активно функционираат.
Јанев нагласи дека со изградбата на оваа улица
директно ќе се подобрат условите за работа на постојните стопански субјекти и
генерално во перспектива ќе се створи подобра клима за стопанисување и
економски развој на општината и регионот.
Деновиве следува објава на Јавна набавка од страна
на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, по што ќе започнат
активностите на терен.

Пет лица од с.Муртино и с.Банско лишени од слобода, поради криумчарење мигранти

Работилница за јакнење на капацитетот на локалните власти за вклучување на родовите аспекти, се одржа во Радовиш

Меѓународен турнир во борење слободен стил за кадети и пионери, машки и девојки ќе се одржи утре во Радовиш

Претседателот Пендаровски на Регионалниот форум за добро владеење и борба против корупцијата
