Connect with us

Радовиш

Oпштински признанија и шестоноемвриски плакети за постигнати резултати и афирмација на Радовиш

Виолета | Media Press

Published

on

На свечената академија по повод 75 години слободен Радовиш,  беа доделени  и општински признанија  и шестоноемвриски плакети за постигнати резултати.

 Младата пијанистка Јана Јованова,која за само три години освои повеќе државни и меѓународни награди во пијано беше добитник на 6-то ноемвриско принзание. Признанието и го предаде секретарот на Општина Радовиш Драги Стојанов, кој исто така додели признание и на ТППЕ од Радовиш  за активно учество во гаснењето на пожарот, на планината Готен.

Потоа признание беше доделено и на Министерството за одбрана,  на Дирекцијата за заштита и спасување , на Центарот за управување со кризи,на ЈП Национални шуми подружница Радовиш, и на Јавната здравствена установа Здравствен дом -Радовиш. 

Советничката Моника Ристевска го предаде признанието на ОО на Црвен Крст Радовиш за успешно реализирани акции, и на Хуманитарното здружение Верица, за успешно претставување на фестивалот Гастромак-2019 во Охрид, каде освои златен медал.

На свечената акдемија беа доделени и 6-то ноемвриските плакети кој ги предаде  Претседателто на Советот Коле Чаракчиев и советникот Ристе Спасов.

Радовиш

Работилница за јакнење на капацитетот на локалните власти за вклучување на родовите аспекти, се одржа во Радовиш

Виолета | Media Press

Published

on

Денеска во просториите на општина Радовиш се одржа втората работилница наменета за членови на: Комисијата за еднакви можности на мажите и жените, Координатор за еднакви можности и вработени во општинската администрација.

 Целта на работилницата е јакнење на капацитетот на локалните власти за вклучување на родовите аспекти во главните политики во процесот на планирање и буџетирање која е дел од проектот Активни жени подобри општини.

Проектот е суб-грантиран во рамките на проектот “Зајакнување на демократијата преку унапредување на родовата еднаквост, функционалните механизми и динамичното граѓанско општество“ имплементиран од страна на Фондацијата Kvinna till Kvinna и Организација на жените на општина Свети Николе, а финансиран од страна на Делегација на Европската унија.

Главната цел на проектот е да се промовира поволно опкружување на заедницата прифатливо за жените и вклучување на родовите прашања во процесот на планирање на локалните власти преку локален дијалог со женски невладини организации, институции и жени на локално ниво.

Денешната работилница беше во насока на Конципирање на нацрт Годишен план за еднакви можности на жените и мажите на Општина Радовиш за 2020 година, информира Општина Радовиш.

Continue Reading

Радовиш

Меѓународен турнир во борење слободен стил за кадети и пионери, машки и девојки ќе се одржи утре во Радовиш

Виолета | Media Press

Published

on

Боречкиот клуб Бучим од Радовиш утре ќе го одржи традиционалниот Меѓународен турнир во борење слободен стил за кадети и пионери, машки и девојки. На турнирот се очекува да земат учество освен екипи од Македонија и екипи од Бугарија, Грција, Србија и Косово.

Вкупно се очекува да учествуваат околу 160 дечиња.

Исто така се очекува да присуствуваат и поканетите гости подржувачи на Боречкиот клуб Бучим,  како претставници од Општина Радовиш со градоначалникот Герасим Конзулов, Заемник генералниот директор на рудникот Бучим Николајчо Николов, сопственикот на Адора Инженеринг проф. д-р Ванчо Чифлиганец и други гости.

Турнирот ќе се одржи утре 14 декември (сабота) со почеток во 11 часот, во Спортската сала во Радовиш.

Continue Reading

Радовиш

Одобрени се средства за изградба на локален пат Дамјан-Погулево и расчистување на дивите депонии во општина Радовиш

Виолета | Media Press

Published

on

Со одлука на Советот за развој на Југоисточниот плански регион на одржаната XIV седница (06.12.2019), на Општина Радовиш и се доделуваат 8 милиони денари за изградба на локален пат од село Дамјан до село Погулево.

Патот ќе биде  во должина од 1927,7м. Исто така за чистење на дивите депонии се одобрени 1.850.000 денари, со што ќе бидат исчистени сите диви депонии во општината, вели градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов..

Средствата се одобрени преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, а одлуката беше подржана од сите градоначалници.

Continue Reading