По повод одбележувањето на 6-ти Ноември -75 години од ослободувањето на Радовиш и 1000 години од првото споменување на Радовиш Советот на Општина Радовиш денеска одржа свечена седница.
На седницата свое обраќање имаше претседателот на Советот Коле Чаракчиев кој им го честита празникот на сите граѓани на Општина Радовиш и притоа спомна дел од проектите кои ги реализира општината, а подржани од Советот.
По повод 6-ти Ноември и 75 години од ослободувањето на Радовиш свое обраќање имаше и Советничката група на ВМРО- ДПМНЕ во чие име се обрати советничката Моника Ристевска.
Во продолжение на седницата беа предвидени
уште неколку точки кои едногласно беа донесени.
Предлог – Одлука
за доделување на општински признанија и награди по повод празникот 6-ти Ноември -75 години од ослободувањето на
Радовиш.
Предлог –
Одлука за прифаќање на физибилити студија за примена на мерки за енергетска
ефикасност во системот на Јавно осветлување.
Предлок – Одлука
за усвојување на референтна годишна потрошувачка на електрична енергија во општина Радовиш и
Предлог – Одлука за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за реконструкција на јавното осветлувасње во општина Радовиш.
Советниците од Советничката група на ВМРО -ДПМНЕ се изјаснија дека ќе ги подржат сите проекти кои се во интерес на граѓаните на Општина Радовиш, како што е проектот за јавно улично осветлување.