Connect with us

Радовиш

Свечена седница на Советот на Општина Радовиш

Avatar

Published

на

По повод одбележувањето на 6-ти Ноември -75 години од ослободувањето на Радовиш и 1000 години од првото споменување на Радовиш Советот на Општина Радовиш денеска одржа свечена седница.

  На седницата свое обраќање имаше претседателот на Советот Коле Чаракчиев кој им го честита празникот на сите граѓани на Општина Радовиш и притоа спомна дел од проектите кои ги реализира општината, а подржани од Советот.

По повод 6-ти Ноември  и 75 години од ослободувањето на Радовиш свое обраќање имаше и Советничката група на ВМРО- ДПМНЕ во чие име се обрати советничката Моника Ристевска.

 Во продолжение на седницата беа предвидени уште неколку точки кои едногласно беа донесени.

Предлог – Одлука за доделување на општински признанија и награди по повод празникот  6-ти Ноември -75 години од ослободувањето на Радовиш.

Предлог – Одлука за прифаќање на физибилити студија за примена на мерки за енергетска ефикасност во системот на Јавно осветлување.

Предлок – Одлука за усвојување на референтна годишна потрошувачка на електрична енергија  во општина Радовиш и

Предлог – Одлука за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за реконструкција на јавното осветлувасње во општина Радовиш.

Советниците од Советничката група на ВМРО -ДПМНЕ се изјаснија дека ќе ги подржат сите проекти кои се во интерес на граѓаните на Општина Радовиш, како што е проектот за јавно улично осветлување.

Радовиш

Во завршна фаза е изградбата на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш

Avatar

Published

на

Градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов денеска изврши увид во градежните работи кои се во завршна фаза за изградба на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш каде што веќе се поставува вештачката трева, а претходно беше поставена и дренажа.

„По завршување на градежните работи на помошниот терен ќе се продолжи со изградба и реконструкција на главниот терен на фудбалскиот стадион во Радовиш. На теренот ќе биде поставена нова дренажа со нов електронски систем за наводнување и нова тревна подлога“, информираат од Општина Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Tрибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, ќе се одржи во Радовиш

Avatar

Published

на

Бидејќи децата се идните креатори на општеството, од круцијално значење е тие да израснат во ментално здрави личности. А поради порастот на насилства во училиштата, потребата за отворено зборување на оваа тема е се почеста и попотребна.

Токму затоа педагозите од основните училишта од општина Радовиш и Конче ќе одржат трибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, се со цел да се потенцираат последиците од насилните однесувања во училиштата, како и начините за справување со истите.

Свое излагање ќе имаат самите педагози и психолози, представници од ОВР Радовиш и Др.Сања Васовиќ-семеен психотерапевт и специјализант на психијатрија, трибината ќе биде од отворен карактер за сите наставници, родители, старатели и ученици.

Трибината ќе се одржи во Музејот на љубовта и уметноста на 28 март во 18ч.

Прочитај повеќе

Радовиш

На подрачјето на Радовиш, санкции за 24 возачи за прекршувања на брзината

Avatar

Published

на

На 24.03.2024 во времето до 14.00 до 20.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена засилена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Притоа биле констатирани 78 прекршувања на брзината, од кои по 24 на подрачјата на Струмица и Радовиш, 16 на подрачје на Гевгелија и 14 на подрачје на Валандово. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Прочитај повеќе