Categories: Македонија

Намалени тарифите за приклучок на електрична енергија

Регулаторната комисија за енергетика (RKE) донесе одлука со што ги намали тарифите што корисниците ги плаќаат за стандарден и повторен приклучок на електрична енергија.

Со оваа одлука стандардниот приклучок за струја, што до сега чинеше 500 евра, во подрачјата каде што општините имаат донесено детален урбанистички план, сега ќе чини 370 евра. Тоа е намалувањето од 26%, а новите цени стапуваат во сила веднаш.

Драстично намалување од 75 проценти има за трошокот за повторно приклучување што досега изнесуваше 1.740 денари, а сега ќе изнесува околу 440 денари.

Од ЕВН иформираат дека на овој начин на најранливите категории на потрошувачи кои имаат проблем со плаќањето на сметките, им се овозможува своите трошоци за електрична енергија да ги намират и да не даваат високи средства за повторен приклучок а притоа приклучувањето да биде во најкраток можен рок.

Кај домаќинствата, кај кои ќе се врши одвојување на мерните места што досега на ЕВН и се плаќаше 500 евра, сега ќе чини 200 евра што значи има намалување од 60 проценти. Тоа најчесто се однесува на индивидуалните куќи каде што има одвојување на мерните места, кои дотогаш биле на едно броило.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago