Categories: Македонија

Драгана Д. Чифлиганец добитник на престижната награда „40 под 40“ за бизнис лидерите во Европа

Извршната директорка на Адора инженеринг Драгана Д. Чифлиганец ја доби престижната интернационална награда „40 под 40“, што на успешната европска  елита на млади, водечки бизнис лидери,им беше доделена во Амстердам од Bussines Elite Awards. Сите наградени 40 млади лидери под 40 години од 10 држави во Југоисточна Европа и Македонија, се согласија вмрежени заедно да делуваат за подобрување на општество во иднина.

„Ексклузивното признание 40 под 40 е уште една потврда дека посветената работа, амбициозноста и премостувањето на сите препреки и граници во професионалниот развој, се препознаваат и наградуваат, што е сатисфакција за постигнатото и поттик за натаму.Во времето и условите во кои живееме и делуваме, настани како Bussines Elite Awards, се отворен прозорец кон светот на неограничените можности за успех. Од големо значење за бизнис заедницата во Македонија и регионот е вмрежувањето на 40-те млади бизнис лидери од Југоисточна Европа во елитниот бизнис „Executive Club“, и поставувањето нови параметри на комуникација и соработка со најуспешните бизнис лидери од светот, со иста цел, изградба на подобро општество“. – изјави д-р Драгана Д. Чифлиганец, која порача дека младите успешни луѓе, низ своите бизнис и општествено корисни ангажмани треба да му возвратат на општеството и да ги споделуваат успесите,за подобра иднина.

„Гала свеченоста во историската зграда Huis Bartolottiво срцето Амстердам,каде за прв пат беа доделени 40 статуетки на најуспешните млади бизнис лидери под 40 години од регионот, имаше цел да се даде признание и стимулација на нашиот бизнис сектор да расте и да фати чекор со поразвиениот свет, преку вмрежување и развој на блескави кариери и успешни бизнис приказни“.- порача д-р Виктор Ѓорѓиески, регионален директор на Bussines Elite Awards за Југоисточна Европа.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago