Connect with us

Радовиш

За помош на малиот Андреј Даов од Радовиш

Media Press

Објавено на

 Хуманитарен турнир во ракомет и кошарка, за помош во лекувањето на малиот Андреј,  ќе се одржи во недела во спортско рекреативниот центар „25-ти Мај“ во Радовиш, со почеток во 13 часот. Турнирот е во организација на  уечниците од 8-1 одделение од ООУ  Крсте Петков Мисирков од Радовиш на иницијатива на Иван Даов и неговите другари,  а средствата собрани на истиот ќе бидат наменети за лекување на неговиот четиригодишен брат Андреј,  кој има проблеми со слухот и говорот.

Малиот Андреј има проблем со слухот од раѓање,  со што и неможе да зборува, затоа е потребно да се изврши операција, за која се потребни 10.000 евра, кои неговите родители неможат да ги обезбедат.  Со цел да помогне на својот брат  Андреј, заедно со своите другари, Иван покрена иницијатива за организирање на хуманитарен турнир.

Влезницата ќе биде 50 денари а ќе има и кутија за донирање на средства, кој колку може. Иван апелира до граѓаните од Општина Радовиш,  да го посетат турнирот.

„50 денари за негого се малку, за некого многу“  апелира Иван.

За да се соберат потребните средства,  семејството отвори и хуманитарна сметка на која хуманите граѓани, можат да донираат.

Радовиш

Малолетник физички ја нападнал неговата мајка

Media Press

Published

на

На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Радовиш

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА

Avatar

Published

на

МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:

ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)

УСЛОВИ ЗА РАБОТА:

Пријатна и колегијална работна средина

Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа

3 слободни дена во неделата

Одлична / Екстра плата

Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:

078/314-801

МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.

Прочитај повеќе

Радовиш

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш

Media Press

Published

на

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.

Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.

Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.

Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.

Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Прочитај повеќе