Во тек е јавна набавка за вакцини за грип, преку која Министерството за здравство, за годинава ќе обезбеди 28.000
дози вакцини против сезонски грип.
Си истите бесплатно ќе може да се вакцинираат
пензионерите, хронично болните, трудниците и децата со намален имунитет.
Дополнително преку центрите за јавно здравје ќе бидат обезбедени 21.000
комерцијални вакцини за кои граѓаните ќе плаќаат.
Од
Институтот за јавно здравје информираат дека уште 10.000 вакцини преку донација
ќе има за имунизација на здравствените работници во државава.
Во извештајот што на својата веб страница го објави Институтот се наведува дека
13 нови случаи на грип се регистрирани изминатата недела (од 7 октомври до 13
октомври), што е зголемување во однос на неделата пред неа кога беа
регистрирани четири случаи.
Во сезоната 2019/2020 вкупниот
број заболени од грип изнесува 17, што е за 10,5 отсто помалку споредено со
истиот период минатата година кога биле регистрирани 19 заболени лица. Најголем
број заболени – седум се регистрирани во Центарот за јавно здравје Тетово, стои во извештајот на Институтот за јавно здравје.
Вакцинацијата е една од најважните превентивни мерки за заштита
на здравјето на луѓето. Вакцината против сезонски грип создава имунитет по 14
дена од вакцинација, кој трае околу осум до десет месеци. Согласно препораките
на Светската здравствена организација и Програмата за имунизација за годинава,
во категоријата ризични групи се опфатени бремени жени во кој било период од
бременоста, деца на возраст од шест месеци до пет години, лица над 65-годишна
возраст, лица со хронични заболувања, како и лица сместени во геронтолошки
центри и вработени во овие центри и здравствени работници, информираат од
Министерството за здравство. Вообичаено во земјава вирусот да го земе својот замав се очекува кон крајот на јануари и почетокот на февруари.
Минатата
сезона во државава од заболените околу 20.000 граѓани, 29 починаа од компликации од
вирусот.