Categories: Гевгелија

Советот на општина Гевгелија ги додели седмоноемвриските награди

Седмоноемвриските награди – највисоко општинско признание што се доделува секоја петта година по повод Денот на ослободувањето на Гевгелија-7 ноември .

 Наградата за животно дело, постхумно, му е доделена на Александар Т. Попов, музички пеадгог, за значајни постигнувања од областа на музичката уметност, културата, воспитанието и образованието, за придонес во развојот на музичката култура кај младите, за афирмацијата на општината преку учество на голем број манифестации и фестивали, како и за афирмација на македонското музичко творештво и негово збогатување со свои авторски песни и изведби од страна на КУД „Распеани гевгеличани“.
Доделени се две Златни плакети за постигањата во изминатите пет години, и тоа, на професорите Љубица и Ѓорѓе Улишеви за значајни постигнувања од областа на музичката уметност, културата, воспитанието и образованието и на Здружението на граѓани „Тера“ за развој и афирмација на општината преку реализација на манифестацијата „Смоквијада“ која стана нејзин заштитен бренд во и надвор од земјата.
Советот на општината додели и три сребрени плакети, на фолклорниот ансамбл „Бојмија“ од Гевгелија и на КУД„Танец“ од Миравци, за постигнувањата и долгогодишно негување на македонскиот фолклор, традиција и култура, како и на театарската група „Дон Кихот“ од Гевгелија за постигнувања од областа театарската уметност и за особен придонес во развојот на театарскиот живот во Гевгелија.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago