Categories: Гевгелија

Оддржана триесет и втората седница на Советот на Општина Гевгелија

На одржаната 32 седница на Советот на општина Гевгелија

беа донесени неколку одлуки за разрешување и именување членови во советничките тела.

За нов член на Комисијата за прашања на избори и именувања е избран советникот Петар Јанчев, кој истовремено е избран и за член на Комисијата за урбанизам.

За нов претседател на Локалната комисија за борба против недозволена трговија со луѓе и илегална миграција во општина Гевгелија е избран Тодор Ристов, претседател на Советот, а за нов член Пепи Еленски, заменик командир на РЦ ЗГР „Југ“.
На седницата беа донесени и решенија за разрешување и именување на членови во Одборот за надзор и вршење на внатрешна контрола на материјално финансиското работење на ЈОУДГ „Детска радост“.

 Исто така, на седницата беа донесени и шест решенија за доделување на наградата „7 Ноември“ во вид на златна и сребрена плакета на поединци и здруженија, кои во изминатите пет години постигнале значајни резултати во областа на своето дејствување.
На крајот од седницата градоначалникот Сашо Поцков одговараше на прашањата поставени од советниците.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago