Градот се враќа во нормала. Три дена се бараше сомун
повеќе и парче татлија. Манифестацијата
која веќе претставува гордост на радовишани,
привлече илјадници посетители од земјава и странство, кои дојдоа да вкусат од радовишките специјалитети. Граѓаните на Радовиш и гостите, три дена живееја во духот на оваа традиционална Манифестација
и уживаа во прекрасната музичка програма. ,,Самун ем татлија,, по седми пат се одржува под покровителство на Општина
Радовиш, а годинава за прв пат во органзиација на Центар за култура Ацо Караманов
и по втор пат на локација на паркинг
Орел кај автобуската станица во Радовиш.
Свеченото отварање
беше во петокот со обраќање на градоначалникот на општина Радовиш Герасим Конзулов, кој им порача на сите
присутни за време на манифестацијата да ја исфрлат од себе целата негативна
енергија, и да уживаат во вкусот на традицијата и во прекрасната музика.
Три дена на местото
каде што се одржуваше манифестацијата „Самун ем татлија“ буквално вриеше од народ. Гостите уживаа во добрата храна а 16 -те угостители
напорно работеа, за да ги задоволат барањата на сите присутни. Секој сакаше да
вкуси од сомунот и татлијата, специјалитети,
по кои Радовиш стана пропознатлив.
Забавниот дел на едно високо ниво, програма исполнета со разни жанрови и содржини. Првиот ден манифестацијата започна со TroYa со Сантана проект, Dani Dimitrovska, Slatkaristika и Lozano – Vlatko Lozanoski.
Во сабота, 12 октомври нашата Антониа Гиговска, ја загреа атмосверата пред атрактивната и добро позната Jelena Rozga, а кулминацијата го достигнагна својот врв со Dejan Petrovic Big Band.
Во недела, последниот ден од манифестацијата, во текот на денот гостите уживаа во богатата фолклорна програма, потоа настапот на Етно состав „Вез“, Тоше Поплазаров, Распеани Радовишани, Ангел и Орце и прекрасната музика на Горан и Ленче Кукиќ со група Јупитер и за крај Mirza Selimovic.
За овогодинешната манифестација „Самун ем татлија“ кој се вклопи во програмата по повод „1000 години Радовиш“, општина Радовиш како генерален покровител, со одлука на Совет издвои 1 500 000 денари, 300 000 денари одобри Министерството за култура а во вкупниот буџет свој допринос дадоа и бројните спонзори, кои речиси секоја година ја подржуваат оваа манифестација.