Connect with us

Радовиш

Стивнуваат импресиите од тридневната манифестација ,,Самун ем татлија,, во Радовиш

Avatar

Published

на

Градот се враќа во нормала. Три дена се бараше сомун повеќе и парче татлија.  Манифестацијата која веќе претставува гордост на  радовишани, привлече илјадници посетители од земјава и странство, кои дојдоа  да вкусат  од радовишките специјалитети.  Граѓаните на Радовиш и гостите,  три дена живееја  во духот на оваа традиционална Манифестација и уживаа во прекрасната музичка програма.  ,,Самун ем татлија,, по седми пат     се одржува под покровителство на Општина Радовиш, а годинава за прв пат во органзиација на Центар за култура Ацо Караманов и по втор пат на локација  на паркинг Орел кај автобуската станица во Радовиш.

 Свеченото отварање беше во петокот со обраќање на градоначалникот на општина Радовиш  Герасим Конзулов, кој им порача на сите присутни за време на манифестацијата да ја исфрлат од себе целата негативна енергија, и да уживаат во вкусот на традицијата и во прекрасната музика.

Три дена на  местото каде што се одржуваше манифестацијата „Самун ем татлија“  буквално вриеше од народ.  Гостите уживаа во добрата храна а 16 -те угостители напорно работеа, за да ги задоволат барањата на сите присутни. Секој сакаше да вкуси од сомунот и татлијата, специјалитети,  по кои  Радовиш стана пропознатлив.

Забавниот дел на едно високо ниво, програма исполнета со разни жанрови и содржини. Првиот ден манифестацијата започна со  TroYa со Сантана проект, Dani Dimitrovska, Slatkaristika и Lozano – Vlatko Lozanoski.

Во сабота, 12 октомври нашата  Антониа Гиговска,  ја загреа атмосверата пред атрактивната и добро позната  Jelena Rozga, а кулминацијата го достигнагна својот врв со  Dejan Petrovic Big Band.

Во недела, последниот ден од манифестацијата, во текот на денот гостите уживаа во богатата фолклорна програма, потоа настапот на Етно состав „Вез“, Тоше Поплазаров, Распеани Радовишани, Ангел и Орце и прекрасната музика на Горан и Ленче Кукиќ со група Јупитер и за крај Mirza Selimovic.

За овогодинешната манифестација „Самун ем татлија“  кој се вклопи во програмата по повод „1000 години Радовиш“, општина Радовиш како генерален покровител, со одлука на Совет издвои 1 500 000 денари, 300 000 денари одобри Министерството за култура а во  вкупниот буџет свој допринос дадоа и бројните спонзори, кои речиси секоја година ја подржуваат оваа манифестација.

Радовиш

Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна

Avatar

Published

на

Долгoгодишното искуство за правење на вино, силната винска страст и поволните климатски услови во радовишкото поднебје, придонесоа за отворањето на Винарија Кукутанов, која веќе на самиот почеток со своите високо квалитетни вина се наметнува на домашниот и регионалниот пазар.

Со капацитет за производство од 30.000 шишиња годишно, Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна за која тек ќе се зборува. За почеток, фокусот е на добропознатите Шардоне и Р’кацители, уникатното Розе, добиено од автохтоната сорта на грозје Радовишка (Ж’та) прачка и елегантното Мерло „зачинето“ со радовишки тероар, вина наменети за страсните љубители на винoто. Уникатноста и квалитетот на Кукутанов вината се нивен заштитен знак, а оние кои еднаш ќе ги пробаат им остануваат верни.

Прочитај повеќе

Радовиш

Изложбата на фотографии „Рурална жена низ објективот“ на Лејла Куртов, за прв пат се одржа во Радовиш, во организација на Центар за култура „Ацо Караманов“ Радовиш

Avatar

Published

на

Изложбата на фотографии „Руралната жена низ објективот“ на авторката Лејла Куртов од Конче, за прв пат се одржа во Радовиш. На изложбата посветена на руралната жена, која предизвика голем интерес во јавноста, присуствуваа голем број радовишани. Во интервју за телевизија Кобра, Лејла вели дека пораката која ја испраќа преку објективот е да се срушат стереотипите за руралната жена.

Лејла доаѓа од урбана средина односно од Скопје, но го наоѓа својот мир и спокој во рурална средина како што е Конче каде е мажена и има свое семејство и работа. Работи како воспитувач во детската градинка во Конче.

Изложбата беше во оргaнизација на Центарот за култура Ацо Караманов од Радовиш, а беше заокружена со музика како изненадување од модераторот Златко Јанкулов кој ја најави изложбата.

Изложбата е составена од 19 фотографии кои опишуваат 17 животни приказни на руралните жени од Општина Конче, од македонска и турска националност, секоја со своите традиции.

Прочитај повеќе

Радовиш

Обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, се одржа во Радовиш

Avatar

Published

на

Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш вчера организираше еднодневна обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, која се одржа во ресторан Леона Лукс во Радовиш. Самата обука беше наменета за наставници,професори и други стручни лица од образовните институции, а целта на обуката беше препознавање и третман на децата во социјален ризик.

Предавачи беа проф. д-р Зоран Киткањ и проф. д-р Ана Фрицханд.

Обуката ја отвори претседателката на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш, Наталија Дединец, а свое обраќање имаше и претседателката на Советот на Општина Радовиш Моника Трајанова.

Прочитај повеќе