Categories: Радовиш

Официјален прием на делегации во Општина Радовиш во рамките на манифестацијата „Самун ем татлија“

Заврши тридневната манифестација,,Самун ем татлија,, во Радовиш, која годинава се одржа по седми пат, под покровителство на Општина Радовиш, а во организација на центар за култура Ацо Караманов.

Во рамките на манифестацијата, покрај забавниот дел беше организиран и официјален дел, за прием на делегации од неколкуте збратимени Општини од други држави, кои беа присутни во Радовиш.Така во саботата во салата на Совет на Општина Радовиш беше извршен прием на делегациите од Белишче од Хрватска, Велика Плана одСрбија  и од општина од РепубликаТурција. Присутните гости  ги поздрави градоначалникот Герасим Конзулов, кој рече дека за во иднина се надева на соработка и на други полиња.

 Пред присутните се обратија и претседателот на Советот на Општина Радовиш Коле Чаракчиев, секретарот на општината  Драги Стојанов и пратеничката во собранието Милевка Ѓоргиева.

Гостите ги поздрави и оперската дива,  радовишанката Милка Ефтимова, која беше присутна на официјалниот прием и притоа им запеа.

На крајот беа разменети и пригодни подароци меѓу присутните делегации, карактеристични за нивните општини.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago