Categories: Радовиш

Викендов во Радовиш ќе се одржи манифестацијата „Самун ем татлија“

Манифестацијата ќе се одржи на истата локација како и лани, на паркин Орел кај автобуската станица во Радовиш. Се прават последните подготовки за стартување на истата од утре.

Тридневната Манифестација „Самун ем татлија“ која годинава се одржува по седми пат,  е под покровителство на општина Радовиш, а во рамките на програмата „1000 години Радовиш“. Самата  органзација, со одлука на Совет, е доверена на центарот за култура Ацо Караманов.

Три дена Радовишани  и гостите кои се очекуваат од земајва и странство ќе уживаат во прекрасните специјалитети сомунот и татлијата и во богатата музичка програма.   Свеченото отварање на Манифестацијата ќе ја изврши градоначалникот на Општина Радовиш, Герасим Конзулов , во петок на 11-ти октомври  во 19;00 часот .

Радовишани и гостите  ќе имаат можност да уживаат во прекрасна програма исполнета со разни жанрови и содржини. Првиот ден ќе се дружат со TroYa со Сантана проект, Dani Dimitrovska,Slatkaristika и Lozano – Vlatko Lozanoski.

Во САБОТА, 12 ОКТОМВРИ ќе настапат Антониа Гиговска, Jelena Rozga
Dejan Petrovic Big Band.

Во НЕДЕЛА, последниот ден од манифестацијата гостите ќе уживаат во прекрасната музика на Горан и Ленче Кукиќ со група Јупитер и за крај
Mirza Selimovic

-Уште еднаш сите заедно да докажеме дека нашите два бренда-самунот и татлијата, и нашата топла гостопримливост се можност да привлечеме уште повеќе гости и заедно да бидеме горди на нашиот голем јубилеј – 1000 ГОДИНИ РАДОВИШ порача градоначалникот Герасим Конзулов.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago