Струмица
Уште 7 лица од Заводот Бања Банско добија топол дом
Објавено на
Од
Media PressУште 7 лица од ЈУ Завод за заштита и рехабилитација Бања Банско добиваат топол дом. Министерството за труд и социјална политика обезбеди 4 станбени единици во Струмица кои се целосно прилагодени за нивните потребите. Се работи за корисници кои изразија желба да ја напуштат установата и после 20-30 години сместени во неа ќе продолжат да живеат самостојно.
„Им честитам на жителите на новите станови за нивната желба, упорност и храброст што ја донесоа оваа одлука и да продолжат да живеат самостојно, а ние сме тука да ги поддржиме во нивните намери. Посебно се радувам што процесот на деинституционализација со кој изминатиот период беа опфатени само децата згрижени во институции, сега се спроведува и за повозрасните лица. Сакам да се заблагодарам и на УН агенциите кои максимално се вложија ова денеска да стане реалност, како и до вработените и раководството на Заводот за рехабилитација, кои од самиот почеток се вклучени во овој процес“, истакна Царовска.
Становите се адаптирани согласно индивидуалните потреби на корисниците и опремени со потребната опрема и мебел, која целосно е избрана од самите корисници. Како поддршка на независното живење обезбедена е услугата лична асистенција, а ќе биде дополнително ангажиран и негователски кадар.
„ Потребни се многу напори и посветеност за да се осигура дека лицата со попреченост може да ги реализираат своите права да живеат независно и да бидат вклучени во заедницата. Затоа, сакам да ги уверам Владата и заедницата дека целото ОН семејство е достапно и одлучно да ја обезбеди сета неопходна поддршка за во овој процес никој да не заостане”, рече Росана Дуџак, Резидентен координатор на Обединетите Нации (ОН).
Градоначалникот на општина Струмица Коста Јаневски рече дека денеска Струмица е сведок на процесот на деинституционализација на овие институции и според него овој концепт дава една голема можност за корисниците да ја покажат својата индивидуалност, креативност, можност да делуваат на општеството.
„Ние како општина ја поддржуваме оваа активност, бидејќи мислам дека тоа е еден напреден и визионерски концепт кој верувам дека целосно ќе успее. На овие први, храбри пионери кои што еве ќе ги почувствуваат благодетите на овој проект, им посакувам многу здравје и успех, да го искажат сопствениот потенцијал за да видиме што тие можат кон општеството, а не што не можат. Општина Струмица им стои на располагање, можат да сметаат на нашата поддршка како досега така и понатаму, за да може овој процес да успее максимално”, изјави Јаневски.
Првите корисници кои излегоа од Заводот „Бања Банско“ се Фанка и Јонче, кои сега живеат самостојно, имаат личен асистент и ги добиваат сите потребни услуги. Во моментот се подготвува преселба на дополнителни 4 корисници од „Бања Банско“, за кои веќе е потпишан преддоговор за адаптација на куќа согласно со потребите на корисниците.
Во наредниот период во соработка со УНДП и локалната организација „Избор” Струмица ќе започне со работа и Центар за рехабилитација на лица со попреченост кој дополнително ќе даде поддршка на овие лица во зајакнување на нивните работни потенцијали.
Поврзани содржини

Продолжува наставата со физичко присуство на учениците

Повисоки стипендии за учениците и за студентите најави МОН

На 5 јуни започнува полагањето на државната матура, за над 15 илјади матуранти во државата

Според Царовска, родителот кој смета дека неговото дете нема да може да учи електорнски ќе може да си го испечати учебникот

Царовска: Заедно со компаниите ги утврдуваме потребни профили за средното стручно образование

МОН: Целоснo лажна вест се шири по социјалните медиуми за сексуално образование
Струмица
Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО 15 ДЕКЕМВРИ 2026 ГОДИНА
Општина Струмица ги потсетува граѓаните, архитектите и сите заинтересирани учесници дека рокот за доставување идејни архитектонски решенија за реконструкција и урбан дизајн на Градскиот плоштад „Гоце Делчев“ е продолжен.
Предлозите можат да се достават најдоцна до 15 декември 2026 година, до 12 часот, по пошта или лично во архивата на Општината, канцеларија бр. 20. Конкурсот е јавно достапен на Електронскиот систем за јавни набавки (www.e-nabavki.gov.mk), каде заинтересираните можат да ја најдат целокупната документација.
Најдобрите идејни решенија ќе ги избира стручна жири-комисија.
Општина Струмица обезбеди парични награди во износ од 130.000 денари за првата, 60.000 денари за втората и 40.000 денари за третата награда.
Градскиот плоштад „Гоце Делчев“ последен пат беше целосно реконструиран во 2010 година. По повеќе од 15 години, Општината отвора нова можност за осмислување на неговиот изглед и содржина, со визија за поубав, пофункционален и попривлечен централен простор, место кое ќе одговори на потребите на граѓаните, ќе поттикнува дружење и ќе продолжи да биде срцето на јавниот и културниот живот во Струмица.
Со овој конкурс, Општина Струмица прави чекор кон ново урбано лице на градот, создадено со современи архитектонски идеи и визија за иднината.
Ги повикуваме сите заинтересирани да се вклучат и да го дадат својот придонес во обликувањето на новото лице на центарот на Струмица.
Струмица
Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година!
На денешната 18-та седница на Советот на Општина Струмица е усвоен Планот на програмите за развој за 2027 година, со кој се поставува основата за реализација на капиталните инвестиции во наредната година.
Усвоени беа и ребалансот на буџетот за 2026 година, извештајот за неговото извршување за третиот квартал, како и измените и дополнувањата на општинските програми.
Одговарајќи на советничките прашања, градоначалникот Петар Јанков ги образложи тековните и планираните проекти, финансиското работење и предизвиците со кои се соочува општината.

Општината постепено ја стабилизира финансиската состојба и создава услови за поинтензивна реализација на планираните активности.
На седницата се донесе и одлуки за унапредување на комуналните услуги, работењето на јавните претпријатија, урбанистичкото планирање и поддршка на граѓани на кои им е потребна парична помош.

,,Продолжуваме со одговорно управување, реално планирање и конкретни чекори за развој на Струмица“ – истакна градоначалникот Петар Јанков.
Струмица
Ново мултифункционално игралиште во Куклиш
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
НОВО ИГРАЛИШТЕ ЗА СПОРТОТ ВО КУКЛИШ: Завршена подлогата и поставени кошевите на новото мултифункционално игралиште
Љубителите на спортот и рекреацијата од населеното место Куклиш добиваат современо уреден спортски простор. Активностите за целосно уредување и модернизација на мултифункционалното спортско игралиште во ова населено место се во забрзана реализација, соопштија од Општина Струмица.

Според досегашните изведувачки работи, подлогата на игралиштето е успешно завршена, а веќе се монтирани и кошевите, со што проектот добива видлива завршна форма.

Проектот е замислен како мултифункционален спортски терен кој ќе овозможи практикување на повеќе спортови, со што ќе се создадат оптимални услови за спортски активности на младите, децата и сите рекреативци од Куклиш.
Оваа значајна инвестиција се реализира преку меѓусебна соработка и партнерство меѓу Општина Струмица и „Видеолотарија Касинос Австрија“. Овој заеднички потфат е дел од пошироката стратегија за унапредување на спортската инфраструктура и рамномерен развој на условите за спорт и рекреација во сите населени места низ општината.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!






