Connect with us

Струмица

Општина Струмица обезбеди училишен прибор за 820 ученици

Avatar

Published

на

Како и училишни униформи за 620 првоодделенци и ужинка (овошје) за сите ученици во основните училишта. Ова се трите проекти кој ги најави градоначалникот Коста Јаневски а ќе бидат финансирани од  општината.

-Тоа се проектите кои што содржат набавување на училишен прибор за деца чии родители имаат пониски примања или се приматели на социјална помош и сите оние проширени категории кои што ги опфаќа Законот за социјална и детска заштита. Околу 820 дечиња ќе добијат бесплатен училишен прибор кој го финансира Општината, се надевам дека ќе биде значителна помош за децата и родителите.

Втора година по ред општина Струмица финансира исто така еден убав проект, а тоа е набавка на училишни униформи за сите првоодделенци, околу 620 дечиња ќе добијат бесплатни униформи и еден нов проект кој го најавивме и минатата година, а ќе почне да се применува од оваа година, тоа е здрава ужинка за сите деца. Тоа подразбира здрав оброк, пред се овошје, кој што се надевам дека ќе ги поттикне и децата и родителите на здрави навики со секојдневното конзумирање на овошје, рече градоначалникот Јаневски.

Струмица

Приведен крадец во Струмица кој извршил тешка кражба во плац за градежни материјали

Avatar

Published

на

Приведен крадец во Струмица кој извршил тешка кражба во плац за градежни материјали.

Имено како што информира МВР, денеска (27.03.2024) во 01.45 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Д.А.(32) од село Василево, струмичко. Тој бил приведен од полициските службеници веднаш по извршување на „тешка кражба“ во плац за градежни материјали во Струмица, при што кај него биле пронајдени предметите кои ги одзел.

Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот против Д.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Струмица

Струмичките пожарникари интервенирале на запалено возило

Avatar

Published

на

На 21.03.2024 во Полициската станица Струмица било пријавено дека на ул.„Климент Охридски“ во Струмица настанал пожар на паркирано патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки. По интервенција на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица.

На 20.03.2024 во Полициското одделение Ново Село било пријавено дека на локален пат во близина на село Сушево, струмичко, настанал пожар на паркирана работна машина – багер. Во пожарот повредени лица нема. Увид на местото на извршила екипа на СВР Струмица.

Прочитај повеќе

Струмица

Лишени од слобода три лица од струмичко, агресивно се однесувале кон полициски службеници

Avatar

Published

на

На 20.03.2024 во 22.50 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Б.Т.(31) од Струмица, О.К.(42) и П.С.(31), двајцата од село Баница, струмичко, затоа што агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени задачи. Лицата биле задржани во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе