Македонија
Министерот Димковски на средба со концесионерите на ловиштата: Со заеднички предлози и мерки ќе се развива ловството
Објавено на
Од
Media Press
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, во ловиштето на планината Ниџе, имаше работна средба со повеќе концесионери на неколку ловишта во земјава. На средбата беа презентирани мерките на коишто работи министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, за развој на оваа стопанска гранка, а концесионерите ги посочија нивните барања и предлози кои им се потребни за одржливост на ловиштата.
Министерот Димковски посочи дека со новиот Закон за ловство на коишто веќе работи работната група од МЗШВ ќе се овозможат создавање на услови за заштита на инвестициите на оваа стопанска гранка, којшто има потенцијал за развој. Во работната група е предвидено да се вклучат и концесионерите како и претставници на Ловечвечката федерација. Димковски потенцираше дека со новиот правилник за флексибилност, подготвен од Агенцијата за храна и ветеринарство се овозможува под одредени услови месото од дивечот да се пушта во промет.
-„Пуштањето на месото од дивечот во промет беше еден од главните проблеми што ни го посочија концесионерите, , затоа посочивме дека токму новиот правилник за флексибилност на АХВ, овозможува под одредени услови да се пушта месото во промет. Податоците покажуваат дека околу 60 тони месо од дивеч се увезува, очекуваме дека за два до три месеци концесионерите ќе ги подготват нивните кланици и на тој начин домашниот пазар ќе може да се снабдува со месо од дивеч од нашите ловишта.
Оваа стопанска гранка има голем потенцијал за развој, ние како држава имаме услови, и затоа како ресорно министерство во следниот период ќе работиме на мерки за поддршка на ловството коешто е важно и за развој на ловниот туризам и воопшто за руралниот развој“, потенцираше министерот Димковски.
При тоа, Димковски посочи дека се разгледува опцијата преку Програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, да се овозможи финансиска поддршка за ловството, со што ќе се поттикне развојот бидејќи концесионерите вложуваат сериозни инвестиции во ловиштата.
Инаку, концесионерите од ловиштата се вклучија и во спроведување на превентивните мерки што ги донесе Владата, за спречување на појава и ширење на африканската свинска чума.
Меѓу нив беше и мерката за почеток на ловната сезона порано од законскиот рок, при што досега се отстрелани околу 250 диви свињи, и резултатите се негативни.
Исто така во спроведувањето на превентивните мерки се вклучија и домашните фармери кои не ги исполнуваат биосигурносните мерки за на своите фарми, и досега околу 1.000 свињи од ваквите фарми се однесени во кланици, и веќе се подготвува исплатата за финансиска поддршка за овие фармери.
АХВ за оваа цел подготви посебен правилник со повисоки цени за откуп на месото. Министерот Димковски посочи дека и во следниот период ќе продолжат средбите и консултациите со Ловечката федерација и со концесионерите на ловиштата. Во Македонија има 256 ловишта и 69 концесионери, информираат од МЗШВ.
Поврзани содржини

МЗШВ објави ЈАВЕН ОГЛАС за вработување на 43 патролен шумски полицаец

МЗШВ: Од Турција се обезбедени 500.000 вакцини, кои се очекува да пристигнат деновиве

МЗШВ: Исплатени се над 260 милиони денари на над 1.600 корисници за мерки од растително и сточарско производство

Исплатени 298 милиони денари дополнителни субвенции за предадени градинарски култури во преработувачки капацитети

Распишани 4 јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште до 3 хектари, распоредени во 34 региони

МЗШВ: Земјоделците да аплицираат за дополнителни директни плаќања за остварено производство од домат, пиперка, краставица, корнишон…

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

