Connect with us

Радовиш

Јавен конкурс за доделување на средства од Буџетот на општина Радовиш

Media Press

Објавено на

Општина Радовиш распиша Јавен конкурс за доставување на Програма за организирање на 6-то Ноемвриски турнир во мал фудбал

Се распишува јавен конкурс за доделување на средства од Буџетот на општина Радовиш согласно доставена Програма за организирање на 6-то Ноемврсиски турнир во мал фудбал, се вели во известувањето од општината.
На конкурсот може да се јават: Здруженија на граѓани од областа на спортот, спортски сојузи и асоцијации регистрирани со седиште во општина Радовиш.

Потребни документи за поднесување се;

-Програма со финансиски план за организирање на 6-то Ноемвриски турнир во мал фудбал,

-Тековна состојба од Централен регистар не постара од 6 месеци,

-Потврда за отворена и активна жиро сметка.

Периодот за доставување на потребните документи е 7 работни дена, од распишувањето на конкурсот, односно најкасно до 08 октомври 2019 година. Пријавите  се доставуваат до ЕЛС Општина Радовиш, булевар Александар македонски, или директно во архивата на ЕЛС Општина Радовиш.

Радовиш

Малолетник физички ја нападнал неговата мајка

Media Press

Published

на

На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Радовиш

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА

Avatar

Published

на

МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:

ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)

УСЛОВИ ЗА РАБОТА:

Пријатна и колегијална работна средина

Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа

3 слободни дена во неделата

Одлична / Екстра плата

Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:

078/314-801

МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.

Прочитај повеќе

Радовиш

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш

Media Press

Published

на

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.

Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.

Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.

Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.

Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Прочитај повеќе