Connect with us

Радовиш

Нов водовод во Радовиш, повеќе нема да има рестрикции на вода

Media Press

Објавено на

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска беше во посета на  општина Радовиш, каде заедно со градоначалникот  Герасим Конзулов пратеничката Милева Ѓоргиева и претседателот на Советот на општина Радовиш, Коле Чаракчиев, извршија увид во изградбата на водоводна мрежа и резервоари за вода. 

„Реализираме еден приоритетен проект за Радовиш со кој ќе обезбедиме константна и навремена дистрибуција на вода до граѓаните. Проектот е со вредност од 860 илјади евра и предвидува изградба на цевковод и резервори за вода во неколку населени места во општината“, истакна Сугарески.

„Јас, како министер, особено се залагам за реализација на проекти за изградба и подобрување на комуналната инфраструктура, бидејќи не  можам да прифатам граѓаните да немаат аоодветно водоснабдување и канализација во 21 век. Очекувам со изградбата на овие резервоари водата констатно да биде достапна до сите домаќинства и ги уверувам граѓаните да бидат спокојни, бидејќи ќе им се реши еден горлив проблем со кој се соочувале со години, нема да има повеќе рестрикции на вода“ – изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. 

Проектот се реализира со поддршка на КФВ банката и буџетски средства, Според министерот општина Радовиш е избрана да влезе во проектот поради огромната потреба на граѓаните да бидат снабдени со квалитетна и константна диструбуција на вода.

Тој потенцираше дека Владата е максимално посветена и на развојот на Источниот и Југоисточниот регион и притоа ги спомена инвестициите кои се реализираат во патната инфраструктура.

„Во овој регион интензивно работиме на изградба на експресниот пат Штип-Радовиш, завршивме со реконструкција на регионалниот пат Штип-Радовиш, како и со реконструкција на патните првци од Радовиш до Подареш и Конче. Исто така, започнавме и со реконструкција на делницата од Радовиш до Струмица, со што сите државни патишта кои гравитираат околу Радовиш ќе бидат рехабилитирани. Најавивме економска година, интензивно работиме на реализација на инфраструктурни проекти, а резултатите се веќе видливи“ – изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Градоначалникот на општина Радовиш, Герасим Конзулов, истакна дека на средбата со министерот Сугарески разговарале за инфраструктурните проекти кои се реализираат во општината со поддршка на централната власт, но и за проекти кои општината ги спроведува самостојно, притоа потенцира и за значењето на новиот водовод за граѓаните на Радовиш.

„Со сите проекти кои се реализираат во општината и сите кои се планирани да започнат, граѓаните на Радовиш можат да бидат сигурни дека не се заборавени. Имаме огромна поддршка од централната власт за реализација на крупни капитални проекти и заеднички работиме за подобар живот на граѓаните. Нашата општина влезе во проектот за изградба на локални патишта, со што од Министерството за транспорт и врски ќе добиеме поддршка во висина од преку 1 милион евра кои ќе бидат наменети за изградба на локални патишта на места каде до денес немаше начин да стигне освен со трактор“ – изјави градоначалникот на општина Радовиш, Герасим Конзулов. 

Според Договорот, изградбата на водоводот треба да биде завршена во март 2020 година.

При посетата на општина Радовиш, министерот Сугарески оствари работна средба и со пратеничката Милева Ѓоргиева и претседателот на Советот на општина Радовиш, Коле Чаракчиев.

Радовиш

Малолетник физички ја нападнал неговата мајка

Media Press

Published

на

На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Радовиш

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА

Avatar

Published

на

МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:

ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)

УСЛОВИ ЗА РАБОТА:

Пријатна и колегијална работна средина

Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа

3 слободни дена во неделата

Одлична / Екстра плата

Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:

078/314-801

МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.

Прочитај повеќе

Радовиш

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш

Media Press

Published

на

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.

Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.

Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.

Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.

Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Прочитај повеќе