Connect with us

Радовиш

Фолклорната група Пензионер при ЗПОРК имаше успешен настап на фетсивалот „Боп Фест“ во Боровец Бугарија

Media Press

Објавено на

Станува збор за Меѓународен Фестивал кој се одржа на 31 август и 01 септември и на кој учество земаат секоја година голем број фолклорни групи. Годинава Фолколрната група Пензионер се претстави со обичај „Замерување на млеко“ и сплет македонски ора и песни со кои ја воодушевија присутната многубројна публика.

 На овој Меѓународен фестивал според кореографот на „Пензионер“ Васил Василев се претставија голем број екипи од Бугарија и од Украина, но македонските претставници имале забележителен настап за што добиле признание и награда. Според Василев, фестивалот е шаренолик и освен пензионери, настапуваат и помлади фолклористи.

Во рамките на Фестивалот била органзирана и изложба на традиционални погачи, пити и баници на која Славка Петачка од Радовиш со својата погача го освоила вторто место.

Фолклорната група Пензионер од Радовиш, веќе неколку години по ред зема учество на фестивалот Боп Фест во Боровец Бугарија, каде успешно го претставуват македонскиот фолклор.

Радовиш

Малолетник физички ја нападнал неговата мајка

Media Press

Published

на

На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Радовиш

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА

Avatar

Published

на

МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:

ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)

УСЛОВИ ЗА РАБОТА:

Пријатна и колегијална работна средина

Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа

3 слободни дена во неделата

Одлична / Екстра плата

Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:

078/314-801

МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.

Прочитај повеќе

Радовиш

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш

Media Press

Published

на

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.

Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.

Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.

Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.

Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Прочитај повеќе