Во
пресрет на Денот на
независноста на Република Македонија, 8-ми септември, во СОУ„Јосиф Јосифовски“ во
Гевгелија беа предадени
во употреба новоизградените училници. Учениците од овој средноучилишен центар
новата учебна година ја започнаа во 21 новоизградена училница, со што се
создадени услови за едносменско работење.
Проектот
беше реализиран со заем од Светска банка, преку Проектот за подобрување на
општински услови (МСИП), но и сопствено учество на општина Гевгелија, По тој
повод во СОУ„Јосиф Јосифовски“ беше одржана свеченост на која пред бројните
гости, ученици и професори, најпрво, се обрати заменик министерката за финансии,
Ширет Елези.
На
свеченоста се обрати и градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков, кој
потенцираше дека во пресрет на празникот на независноста на Република Северна
Македонија присуствуваме на еден значаен настан. Пред се, за учениците,
професорите и вработените во овој училишен центар, но и за граѓаните на општина
Гевгелија.
-Со овој инвестиционен зафат уште еднаш ги потврдуваме
настојувањата на општина Гевгелија за континуирано подобрување на условите за
престој и настава во сите образовни институции.Изградбата на 21 училница
претставува најголемиот инвестиционен зафат последнава деценија во
образованието на општина Гевгелија.
Со овој
проект се обезбедува едносменско работење во ова училиште, но и целосна
енергетска заштеда.Изградбата на новите училници чинеше вкупно 40.296.360
денари, од кои 34.700.320 денари се заем, кој општина Гевгелија го доби од
Светска банка.
За целосна реализација на проектот општина Гевгелија обезбеди
уште 5.596.000 денари од општинскиот буџет, рече Поцков нагласувајќи дека на
почетокот од новата учебна година и во другите училишта во општината, иако, во
значително помал обем, беа реализирани зафати и активности за подобрување на
училишните услови.
Додека
пак во централната детска градинка во Гевгелија и во детската градинка во
Негорци во тек е целосната замена на столаријата, за што се издвоени 7,3
милиони денари сопствени средства.
-Активности кои само ја потврдуваат грижата што се посветува
на образованието и воспитувањето, и преку вакви и слични проекти се настојува
да се подобри квалитетот на услугите во сите училишни и предучилишни
установи.Во наредниот период ќе следуваат и други, бидејќи наш приоритет е во
сите предучилишни и училишни установи, децата и учениците да имаат солидни услови за престој и
настава, порача градоначалникот на општина Гевгелија.
На свеченото предавање во употреба на новите училници во
СОУ„Јосиф Јосифовски“ свое обраќање имаше и директорот на оваа установа Цветан
Нелоски:
-Отворањето и започнуваето со работа во новите училници беше
визијата на моите претходници, но остана подеднакво посакувана дестинација за
сите кои своето кариерно портфолио ќе го богатат со современиот начин на
работење и дејствување.
-Од својот почеток 1952 година, до денес училиштето доживеа
многу трансформации, но и промени во однос на просторните услови. Преку
користење на искуствата од традицијата, со добра организација и стручен
наставен кадар, со максимално ангажирање и мотивирање денес ја постигнуваме
крајната цел – модерно и современо училиште.
Денес со
право може да се каже дека СОУ „Јосиф Јосифовски“ прерасна во школски центар
кој ги исполнува современите стандарди и услови за работење, истакна директорот
на СОУ„Јосиф Јосифовски„ Цветан Нелоски.