Connect with us

Спорт

Заврши традиционалниот турнир во улична кошарка во Општина Василево

Марија | Media Press

Објавено

N

Екипата „Бисер“ го освои првото место на традиционалниот турнир во улична кошарка, кој на 25, 26 и 27 август се одржа во селото Владевци.

Второто место го освои екипата на „Книжарница 5+“, додека третото екипата на „Автопарк Ване“. Четврта се пласира екипата на „Босилово“.

За најдобар играч на „Street Basket – Владевци 2019“, е прогласен Јован Ристов од екипата на „Автопарк Ване“.

Десет екипи составени по пет играчи учествуваа на овој турнир, кој по 7-ми пат се одржа со поддршка на општината Василево, која обезбедни награден фонд од 50.000 денари за најдобрите.

Промоција на урбаната култура, атрактивни натпревари и забава на отворено во ноќните часови се случуваше во изминатите три дена во селото Владевци, каде ноќите беа посетени од голем број љубители на кошарката од различни генерации, не само од Владевци, туку и од регионот, кој дојдоа да уживаа во спортските игри на учесниците, велат од општина Василево.

Спорт

Одбојкарскиот клуб Џио Струмица е домакин и организатор на турнирот во одбојка ,, Балкански КУП 2019,,

Виолета | Media Press

Објавено

N

Турнирот започнува од вчера и ќе трае до петок. На истиот покрај домакинот свое учество ќе земат  и екипи од Косово Турција .  на ОК „Prishtina Volley“ (Косово) и ОК „Tokat Belediye“ (Турција).

Струмичани по пауза од неколку години се враќаат во натпреварувањето кое е во организација на Балканската одбојкарска асоцијација (БВА), на кое победникот обезбедува и директен пласман во ЦЕВ Челенџ купот.

За директниот пласман во второто коло од Купот на предизвикувачи, ќе се борат само овие три екипи, откако екипите ОК „Млади Радник“ од Србија и ОК „Борац“ од Босна и Херцеговина го откажаа своето учество.

Прочитај повеќе

Радовиш

Радовиш беше домаќин на 24-те Републички пензионерски спортски натпревари

Виолета | Media Press

Објавено

N

Истите се одржаа по повод 20 септември Денот на пензионерите на Македонија. На игрите присуствуваа вкупно 846 пензионери, додека учество зедоа 504 натпреварувачи во 11 дисциплини од 47 здруженија на пензионерски членови на СЗП на Македонија. На Спортските натпревари беа присутни и Станка Трајкова, претседател на Сојузот на пензионери на Македонија, Земник министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар, Градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов,  градоначалникот на Општина Конче Благој Илиев, извршниот директор на Рудникот Бучим Николајчо Николов и други гости. На почетокот присутните пензионери ги поздрави претседателката на Сојузот на пензионери Станка Трајкова.

Земник министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар спомна дека Министерството во континуитет се залага за подобровање на стандардот на пензионерите.

 Добредојде на пензионерите има посака и градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов, како и градоначалникот на Општина Конче Благој Илиев. Двајцата градоначалници им посакаа успешни спортски натпревари.

 Републичките пензионерски спортски натпревари ги отвори претседателто на Здружението на пензионери од Радовиш и Конче,  Мите Стефанов.

Спортските натпревари се одржаа во 11 дисциплини, како трчање, теглење на јаже, кошарка, стрелање, фрлање гуле, шах, домино и други,   на кои учествувва околу 500 пензионери од 47 здруженија на пензионери, членки на Сојузот на пензионери на Македонија

Прочитај повеќе

Радовиш

ЗИТ-Радовиш по трет пат го доби ПЕХАРОТ за нај успешна екипа

Давид | Media Press

Објавено

N

Здружението на инвалиди на трудот од Радовиш, учествуваше и постигна убедливо најдобри резултати на РЕПУБЛИЧКИТЕ СПОРТСКИ ИГРИ одржани на 14.09.2019 год. во Струга.

Истите беа одржани  под покровителство на Националниот Сојуз на Инвалиди на Трудот (НСИТ) на Македонија. Учесниците во спортските игри се вратија со повеќе признанија за освоени први места во разни дисциплини.

 ЗИТ-Радовиш по трет пат го доби ПЕХАРОТ ЗА НАЈ УСПЕШНА ЕКИПА, информираат од здружението.

Прочитај повеќе