Connect with us

Спорт

Започна традиционалниот ,,Street basket ’’ турнир во Владевци

Avatar

Published

on

Во пресрет на големиот христијански празник ,,Успение на Пресвета Богородица,,во населеното место Владевци општина Василево започна традиционалниот ,,Street basket ’’ турнир .

Турнирот вообичаено трае три дена, каде лубителите на спортот ќе имаат можност да уживаат во прекрасната атмосфера, да навиваат и да ги бодрат своите фаворити.

Главен покровител на турнирот е општина Василево и градоначалникот  Марјан Јанев, кој секогаш ги подржува ваквите манифестации, бидејки истите овозможуваат продолжување на одредени традиции, унапредување на спортот и воедно афирмација на општината и пошироко во регионот.

Спорт

Порази во двете кола од Супер лигата за пинг понг клубот од Радовиш

Александар | Media Press

Published

on

Нашиот пинг понг клуб „Радовиш“ ги одигра 2-ро и 3-то коло од пинг понг Супер Лигата каде силите ги одмери со ППК „Работнички“ од Скопје и ППК „Младост“ од Прилеп.

Во двата дуели нашите натпреварувачи забележаа два порази.

За нашиот клуб настапија: Марјан Крстев, Горге Бораниев, Венко Стојанов и Катерина Даова.

За следните кола, нашата екипа ќе си ги одмерува силите со тимовите на ППК „Струга“ од Струга и ППК „Вардар“ од Скопје.

Дуелите ќе се играат во вторник во А1 Арена СЦ „Борис Трајковски“, Скопје со почеток од 10 часот.

Continue Reading

Македонија

Радовишанецот Александар и годинава шампион на Македонија во бодибилдинг

Виолета | Media Press

Published

on

Радовишанецот Aлександар Јерамазов и годинава го потврди минатогодишниот успех и повторно се здоби со златен медал на натпреварот во бодибилгинг “Атлета на Македонија 2020”, во категоријата „Физик Јуниори“ до 23 год.

Дваесет и едно годишниот радовишанец веќе има освоено три златни медали. Еден во 2018та во категоријата Физик јуниори до 23 год., и два златни медали изминатата 2019 год., во категориите “Физик Јуниори” и “Физик Мажи” со висина над 178цм.

“Сакам за сите да бидам пример дека со желба, труд и дисциплина можете да стигнете каде сакате во животот“ – изјави Александар за  Mediapress.mk

„Ова година успеав да го повторам минатогодишниот успех како шампион во “Физик Јуниори” а ме чекаат и нови такмичања во блиска иднина и сум спремен да направам се што треба да бидам најдобрата верзија од себе, од пеколните режими на исхрана до бруталните тренинзи. А за тоа допрва ќе зборувам” – додаде Александар.

Aлександар Јерамазов е радовишанец кој активно се занимава со овој спорт од својата 16-та година. Три години по ред излегува на бина и веќе има освоено четири златни медали. Инаку “Атлета на Македонија 2020” се одржа на на 23ти Август во Градски Парк ( “кај Школка” ).

Continue Reading

Спорт

Плачковица ќе биде домакин на Тиквеш во првото коло од Втората лига – Исток

Александар | Media Press

Published

on

Денеска се одржа ждрепката за расопоредот за сезоната 2020/2021 сезоната во Втората лига – исток.

Во првото коло „Плачковица“ ќе биде домакин на „Тиквеш“, „Росоман“ ќе го угости „Слога Виница“. Дуелот помеѓу „Саса“ и „Брегалница“ ќе се одигра на градскиот стадион во Македонска Каменица. „Кит Го“ ќе им биде гостин на „Победа“ и „Кожув“ ќе игра на свој терен со „Осогово“.

ПлачковицаТиквеш
РосоманСлога Виница
СасаБрегалница
ПобедаКит Го
КожувОсогово

Continue Reading