Connect with us

Радовиш

Се одржа фестивалот на староградски песни „Саноќ седам“ во Радовиш

Avatar

Published

on

Со одржување на  традиционалниот фестивал на староградски песни „Саноќ седам“  се заокружи богатата духовна и културно забавна програма, за одбележување на Свети Спасо Радовишки, а во рамките на програмата 1000 години Радовиш.  

Фестивалот „Саноќ седам“ се одржа на плоштадот „Св.Спасо Радовишки“  на кој покрај домаќините, вокално-инструменталниот состав „Распеани Радовишани“ учествуваа ансамбли и оркестри од општините Струмица, Гевгелија, Валандово, Велес и Штип како и вокално-инструменталната група „Еделвајс“ од Ќустендил, Р.Бугарија.

Учесниците на фестивалот Саноќ Седам кој годинава  се одржа по 13 пат, пеејќи стари серенадни песни продефилираа до плоштадот Свети Спасо Радовишки во центарот на Радовиш, следејки ја патеката означена со запалени  факели.  Симболично  беше испеана и серенада на девојка која се појавуви на балкон, со што се негува традицијата.

Радовиш

Малолетник од Калаузлија радовишкo, повреден при сообраќајна несреќа помеѓу мотор и велосипед

Виолета | Media Press

Published

on

„На 20.10.2020 во 14.30 часот во с.Калаузлија, радовишко, се случила сообраќајна незгода во која С.М. (27) од с.Калаузлија, управувајќи мотоцикл „скудо 125“ удрил во велосипед управуван од малолетник. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Здравен дом Радовиш, а увид на местото на незгодата извршила екипа на Полициска станица Радовиш“ информираат од СВР Струмица.

Continue Reading

Радовиш

Екипа од ТППЕ од Радовиш интервенирала на предизвикан пожар на помошни објекти

Виолета | Media Press

Published

on

„На 19.10.2020 во 02.15 часот во Полициска станица Радовиш било пријавено дека настанал пожар во помошен објект на ул.„Готен“ во Радовиш, при што биле опожарени и соседни помошни објекти, како и едно моторно возило паркирано во помошен објект.

По интервенција на Територијална противпожарна единица Радовиш пожарот бил изгаснат, а увид на местото извршиле инспектор од Дирекција за заштита и спасување и екипа на Одеелението за внатрешни работи Радовиш„ стои во известувањето од Полициска станица Радовиш.

Continue Reading

Радовиш

Воиславци и Сулдурци денеска со преќин во водоснабдувањето, соопштува ЈП Плаваја

Виолета | Media Press

Published

on

ЈП Плаваја од Радовиш ги информира жителите на двете населени места Воиславци и Сулдурци, Општина Радовиш, дека денеска ќе има преќин во водоснабдувањето поради замена на опрема во главните шахти кон овие населени места.

„ДЕНЕС ВТОРНИК 20 ОКТОМВРИ 2020 ГОДИНА ЌЕ СЕ ПРОДОЛЖИ СО ЗАМЕНА НА ОПРЕМА ВО ГЛАВНИТЕ ШАХТИ КОН ОВИЕ НАСЕЛЕНИ МЕСТА. ЗА НОРМАЛНА РАБОТА ПОТРЕБНО Е ЦЕЛОСНО ЗАПИРАЊЕ НА ВОДОСНАБДУВАЊЕТО.НАВЕДЕНИТЕ РЕОНИ ЌЕ ИМААТ ПРЕКИН НА ВОДОСНАБДУВАЊЕТО ОД 9.00 ЧАСОТ ДО ЗАВРШУВАЊЕ НА РАБОТИТЕ“ стои во известувањето од ЈП Плаваја, Радовиш.

Continue Reading