Connect with us

Радовиш

Општина Радовиш го става во функција системот Е-Општина – Пријави проблем

Avatar

Published

на

Системот  овозможува во секое време од денот, седум дена во неделата, преку интернет порталот на Општина Радовиш, граѓаните  да пријават комунален проблем,  кој надлежните служби ќе се обидат да го решат или да  информираат до каде е решавањето на проблемот во најкраток можен рок.

Општина радовиш го приложува и следното упатсво за користење на системот;

Од листата на проблеми во менито на системот одберете го вашиот проблем. Во пријавата наведете ја точната адреса (улица и број) или поблиску опишете ја локацијата на која треба да се изврши интервенција. Напишете ги вашите контакт информации за да може да одговориме на вашата пријава и да ве информираме.

Што се можете да пријавите од листата:
  • Улично осветлување (пријавете дефект на улично осветлување).
  • Улици, патишта и тротоари (пријавете оштетување на асфалт, бетон, камени коцки и бекатон, пријавете работа на патишта, улици и тротоари).
  • Објекти склони на рушење (пријавете објекти склони на рушење: стари куќи, потпорни ѕидови и сл).
  • Урбана опрема (пријавете оштетување на урбана опрема: клупи, корпи за отпадоци и детски забавни паркови).
  • Градба и дива градба (пријавете почеток на изградба на нов објект, доградба и надградба на постоечки објект).
  • Животна средина (пријавете непријатна миризба, загадување на амбиентален воздух, површински води или реки).
  • Пријавете долготрајна и честа појава на бучава (од угостителски објекти, работа на машини и постројки).
  • Отпад (пријавете несовесно постапување со комунален, комерцијален, индустриски неопасен отпад, растителен отпад, отпад од пакување, отпадни масла, искористени (хаварисани) возила, проблеми со собирање и транспорт на отпад од ЈП Плаваја, отпад во приватен имот кој предизвикува нарушување на здравјето на луѓето, градежен шут на регионални, локални патишта и во природа.
  • Кучиња скитници (пријавете присуство на кучиња и мачки скитници на јавна површина кои се болни и агресивни).
  • Јавно зеленило (пријавете уништување и узурпација на јавно зеленило, зеленило покрај улици, паркови, плоштади, кеј, културно историски споменици, јавни паркиралишта, детски забавни паркови, игралишта, гробишта).
  • Гробишта (пријавете скрнавење на надгробни споменици во гробиштата).
  • Водовод и канализација (пријавете го секое течење на вода било да е од водовод или канализација).
  • Пријавете дефект на водоводна инсталација.
  • Пријавете ако има запушување на канализациона мрежа.
  • Пријавете паркирано возило над водоводна или канализациона шахтa.
  • Пријавете ако некој гради над водоводната или канализационата мрежа.
  • Пријавете ако некој врши ископ на подземната водоводна или канализациона мрежа.
  • Пријавете приклучок на водоводна или канализациона мрежа без присуство на овластени лица од ЈП Плаваја, Радовиш.
  • Сообраќајна сигнализација (пријави потреба за поставување на сообраќајна сигнализација на одредени локалитети согласно сообраќајните прописи).
  • Пријави оштетување на постојната сообраќајна сигнализација.

Радовиш

Целосна реконструкција на најпрометните улици во Радовиш

Avatar

Published

на

Општина Радовиш започна со целосна реконструкција на најпрометните улици во градот, а не крпење на дупки.  Денеска се асфалтираше улица Кеј 8-ми септември покрај течението на радовишка река.

 Ќе се реконструираат улици во должина од околу 6 километри истакна градоначалникот Ацо Ристов одговарајќи на новинарски прашања и притоа рече дека ова не е предизборна активност и дека станува збор за редовни градежни активности кои ќе продолжат и во наредниот период. Исто така тој рече дека продолжуваат градежните активности и на градскиот пазар.

Прочитај повеќе

Радовиш

Градоначалникот Ристов го презентира проектот за Градска куќа „Рада“ пред советниците

Avatar

Published

на

Со дневен ред од 15 точки денеска беше одржана 47-та седница на Советот на општина Радовиш.

Како една точка од дневниот ред беше и предлог – одлука за одорување на идеен проект за реконструкција со пренамена на Стоковна куќа во мултифункционален и културен центар со музејска поставка на град Радовиш „Рада“ кој го презентираше Градоначалникот Ацо Ристов.

Градоначалникот рече дека објектот пред се ќе биде од јавен карактер и наменет за сите граѓани.

Од страна на Претседателот на Советот на општина Радовиш исто така беа споделени изјавите на двајцата советници Валентина Лазарева и Енис Омер, кои ги имаат поднесено до Советот, како би делувале во иднина како советници. Валентина Лазарева како советник од Демократски сојуз се приклонува кон советничката група на ВМРО – ДПМНЕ а Енис Омер во иднина ќе делува од име на ТДП.

Прочитај повеќе

Радовиш

Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна

Avatar

Published

на

Долгoгодишното искуство за правење на вино, силната винска страст и поволните климатски услови во радовишкото поднебје, придонесоа за отворањето на Винарија Кукутанов, која веќе на самиот почеток со своите високо квалитетни вина се наметнува на домашниот и регионалниот пазар.

Со капацитет за производство од 30.000 шишиња годишно, Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна за која тек ќе се зборува. За почеток, фокусот е на добропознатите Шардоне и Р’кацители, уникатното Розе, добиено од автохтоната сорта на грозје Радовишка (Ж’та) прачка и елегантното Мерло „зачинето“ со радовишки тероар, вина наменети за страсните љубители на винoто. Уникатноста и квалитетот на Кукутанов вината се нивен заштитен знак, а оние кои еднаш ќе ги пробаат им остануваат верни.

Прочитај повеќе