Општина Радовиш заедно
со Јавното
Комунално Претпријатие Плаваја за прв пат по 40 години започна со чистење
и собирање на смет од
населените места. Врз основа на донесена одлука на советот на Општина Радовиш ќе
се реализира проектот „Сакам чиста општина“
во сите населени места и ќе се врши органзирано собирење на смет.
За таа цел денеска во село Ињево беа донесени и
распоредени 10 контењери, и се спроведе еколошка акција за чистење во која беа вклучени ученици,
наставници, директори на јавни институции, екипа од ЈП Плаваја, претседателот на Советот на општина Радовиш Коле
Чаракчиев, градоначалникот Герасим Конзулов и други лица.
Општина Радовиш освен апелот за подигање на свеста
презема и мерки за санкционирање на
несовесните граѓани кои фрлаат отпад на јавни површини. преку општинските
комунални инспектори и преку полициската станица се поднесуваат и прекршочни
пријави кои според Конзулов не се реализираат до крај.
Според претседателот на советот Коле Чаракчиев донесена е
одлука на совет да се исчистат сите
населени места, да се постават контењери и да се започне со редовоно и органзирано
собирање на смет. Акцијата започна од
Ињево и со договор со месната заедници и
локалните жители ќе продолжи и во
останатите населени места.
И советот на месната зедница на Ињево ја подржува денешната акција. Од нивна страна беа
лоцирани неколку диви депонии кои
денеска беа исчистени.
За реалзиација на денешната акција беше вклучена
механизацијата на ЈП плаваја, потпомогнати од локалното население со трактори.